Излезе од печат вториот том од избраните дела на писателот Горјан Петревски

Со поддршка од Министерството за култура, во продукција на „Македонска реч“ излезе од печат вториот том од избраните дела на познатиот македонски писател за млади Горјан Петревски.
Овој пат излегоа романите „Исти очи“, „Далечна љубов“ и „Пламени залези“, додека минатата година, во првиот том, беше објавена трилогијата „Споменка“, „Спомените за Споменка“ и „Сонот со Споменка“.
Дизајнот, кориците и компјутерската обработка се на академскиот сликар Томе Манески.
Овој проект е прифатен во шест тома, по три романи во секој том и во секоја наредна календарска година, а меѓу тинејџерската публика владее голем интерес.