Јавното претпријатие „Лајка“ и зоолошката градинка во Скопје в сабота реализираат хуманитарен базар за кучињата во прифатилиштето на ЈП „Лајка“. Хуманитарниот базар е дел од кампањата „Милениците се наше семејство, не напуштајте ги!“, која успешно се спроведува преку различни активности и настани изминатите неколку месеци.
На овој хуманитарен базар со свои ракотворби може да се пријават сите хумани граѓани, активисти и љубители на животни, деца и млади креативци, пријатели и поддржувачи на ЈП „Лајка“.
– Доколку сакате да придонесете за кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП „Лајка“ и сакате да се пријавите со свои уметнички ракотворби, испратете мејл на [email protected]. Повикот за учесници трае до утре. Се гледаме во зоолошката градина в сабота, од 11 до 15 часот – велат од „Лајка“.