Жителите на Автокоманда и на Железара добија реконструкција на паркот „Скулптура“, лоциран на улицата 16-та Македонска бригада, во населбата Автокоманда.

– Граѓаните добија обновен парк „Скулптура“ во Автокоманда, со вкупна површина од 4. 200 квадратни метри, со нови тревници, урбана опрема и ново осветлување, место каде што ќе можат да го минуваат слободното време и да се рекреираат – истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, истакна дека подигнувањето на зелените појаси и нивното обновување на територијата на општината е од исклучително значење за илјадници граѓани од овој дел од општината, кои сега имаат убаво среден парк.

– При уредувањето на паркот се направени повеќе интервенции на целата вегетација, нанесена е висококвалитетна почва, формиран е тревник со систем за полевање капка по капка, хидранти и прскалки, со што ќе се овозможи континуирано одржување на зеленилото во паркот – истакна директорот на ЈП
„Паркови и зеленило“, Ангеле Сотировски.