Друштвото на ликовните уметници од Битола ја организира Годишната изложба на 19 јули, во 20 часот, во „Магаза“. Ќе бидат презентирани педесет и шест дела, слики, графики и скулптура од четириесет и еден автор од Битола, како и од други македонски градови. Изложбата на тој начин доби свежина во својата стилска разновидност, што е карактеристично за делата изработени во 2021-2022 год. од автори што припаѓаат на помладите генерации, што е нормален процес на промена со текот на времето.
Тука се вбројуваат Душан Шешиќ. Димитар Димитров, Синиша Кашавелски, Матеј Богдановски, Васко Ѓоргиев, Владимир Младеноски, Маја Ковачевска, Дурмиш Ќазим, Ване Костуранов, Валентина Илијевска, Вангел Крстиновски, Стеван Цигаридов, Петар Кирановски, Игор Стаменковиќ, Стефан Анчевски, Тони Попов, Панде Петровски, Вано Кеков и др.
Изложбата ќе трае до 28 јули.