Во реваншот во Скопје, Шкендија повторно загуби од австриски Салцбург, 0-1 (во првиот со 0-3)

Екипата на тетовска Шкендија, фудбалскиот првак на Македонија, се прости од натпреварите во Лигата на шампионите (ЛШ) по поразот од австриски Салцбург, 0-1 и во реванш-мечот во Скопје, во рамките на третата квалификациска рунда (во првиот меч беше 0-3).

Но, Шкендија ќе има уште една шанса за продолжување на настапите во еврокуповите есенва. Во плејоф-двомечот што води во групната фаза во Лига Европа (ЛЕ), Шкендија ќе се сретне со подобриот од дуелот Корк од Северна Ирска и Розенборг од Норвешка (0-2 во првиот меч во Корк). Натпреварите ќе се играат на 23 и на 30 август.
Доколку успее да ја мине таа пречка (Корк/Розенборг), Шкендија ќе го повтори ланскиот успех на скопски Вардар, кој стана првата македонска екипа што изборила пласман во натпреварите по групи во ЛЕ (и ЛШ). Вардар беше во групата Л, со Зенит Санк Петербург, Реал сосиедад и со Розенборг и на шесте меча претрпе пет порази, со само едно реми, против Розенборг.

По одигрувањето на реванш-мечевите од третата рунда, познати се и плејоф-двојките во ЛШ. Победниците во тие шест двомеча ќе им се придружат на 26-те екипи, кои директно обезбедија пласман во групната фаза во ЛШ.


 

Плејоф-двојки во ЛШ
Црвена звезда – Салцбург
Бенфика – ПАОК
БАТЕ Борисов – ПСВ
Јанг Бојс – Динамо Загреб
Види – АЕК
Ајакс – Динамо Киев
Првите дуели се на 21/22, а реваншите на 28/29 август. Ждрепката за составот на групите ќе биде извршена на 30 август во Монако.

Директно пласирани во ЛШ
ШПАНИЈА: Реал (шампион), Барселона, Атлетико, Валенсија
ГЕРМАНИЈА: Баерн, Шалке, Хофенхајм, Борусија Д.
АНГЛИЈА: Манчестер С., Манчестер Ј., Тотенхам, Ливерпул
ИТАЛИЈА: Јувентус, Наполи, Рома, Интер
ФРАНЦИЈА: ПСЖ, Монако, Лион
РУСИЈА: Локомотив М., ЦСКА М.
ПОРТУГАЛИЈА: Порто
УКРАИНА: Шахтар
БЕЛГИЈА: Клуб Бриж
ТУРЦИЈА: Галатасарај
ЧЕШКА: Плзен