IN MEMORIAM

Благој Истатов, едно од најголемите фудбалски имиња на Македонија, почина вчера во 71 година од животот. Роден на 5 април 1947 година во Струмица, Истатов почнал да тренира фудбал во Беласица, потоа настапувал и во Победа од Прилеп, а најголемите успеси и целосна афирмација на позицијата голман ги остварил во белградски Партизан. Последните играчки години ги поминал во холандски Утрехт. По активната играчка кариера, Истатов бил тренер на Беласица и други македонски клубови, како и дел од стручниот штаб на македонската сениорска репрезентација. Основач е на фудбалска школа во Дојран, а од 2010 година и во Струмица.