На фудбалерите на Манчестер сити им се потребни најмалку минути за да упатат удар во голот сезонава, покажа анализата на Фудбалската опсерваторија на Интернационалниот центар за спортски студии (ЦИЕС). „Граѓаните“ секои четири минути и две секунди шутираат во противничкиот гол во мечевите во англиската Премиер-лига.

Од другите најсилни пет првенства во Европа (Англија, Франција, Шпанија, Германија и Италија) најбрзи се фудбалерите на Јувентус, Лион, Барселона и на Баерн. Од другите првенства на врвот е Славија Прага (Чешка).

Во Англија најмногу време за шут во голот употребува Хадерсфилд, 12,08 минути, а низ 35-те анализирани шампионати Хамилтон од Шкотска, чии фудбалери шутираат секои 18,12 минути. Најголемата разлика во рамките на едно првенство е регистрирано во Грција, од пет минути кај Олимпијакос до 18,07 минути кај Панетоликос, велат од ЦИЕС.