Конфликтите, сиромаштијата и дискриминацијата се закана за децата од целиот свет. Според вториот годишен извештај за раното завршување на детството, објавен од организацијата „Спасете ги децата“, над половина од децата во светот, поточно вкупно 1,2 милијарда, се под закана од овие фактори. Иако состојбата се подобри во 95 од 175 држави според извештајот, сепак, ризикот од прерано завршување на детството сè уште е присутен во поголем дел од светот. На графиконот се покажани десет држави во кои децата се најмногу и најмалку изложени на ризик. Сингапур и Словенија се држави со најмал ризик, заедно со поголем дел од Северозападна Европа. Државите со најголем ризик се во Африка, со тоа што Нигер се наоѓа на дното на листата.