Глумецот Вил Смит својот 50-ти роденден го прослави во кругот на семејството во Големиот Кањон, а притоа оствари и една своја голема желба – изведе банџи-скок скокајќи од хеликоптер. Видеото во кое тој е снимен како скока е објавено на Јутјуб и досега има пет милиони прегледи.

– Целиот живот го поминав со чувство на заробеност и страв. Нема ништо полошо од тоа. Затоа скокот од хеликоптер се претвори од чист хорор во чисто блаженство – изјави Смит.

Цело време заедно со него беа неговата сопруга Џада Пинкет Смит и трите деца: Треј, Џејдн и Вилоу. Вил пред скокот се потсетил на својата прва посета на Големиот Кањон во 1976 година, кога, како што рече, почувствувал голем страв од височината.
– Стравот секогаш беше доминантна емоција во моето детство – вели тој.

Висејќи на работ на хеликоптерот, Вил го забележал погледот на кањонот и веднаш прокоментирал: „Никогаш не гледајте долу“.
Меѓутоа, по скокот, глумецот рекол дека сите негови дотогашни стравови исчезнале.