Опасноста од обнова на војната на Блискиот Исток не е елиминирана, вели Песков
Опасноста од обнова на војната на Блискиот Исток не е елиминирана - изјави синоќа портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека разговорите меѓу САД и Иран досега завршиле без резултати.
Коментирајќи ги најавите на САД дека ќе го блокираат Ормускиот Теснец, Песков рече дека американскиот претседател Доналд Трамп рекол дека ќе ги блокира иранските пристаништа, пренесува МИА.
- Што значи тоа...
Семјуел Бекет – апсурдот како уметност и искреност
На 13 април се навршија 120 години од раѓањето на Семјуел Бекет – ирскиот писател и драматург што со својата визија ги преобрази драмата и прозата, претворајќи ја сцената во огледало на човечката немоќ, апсурдот и егзистенцијалната празнина. Деновиве светот се потсетува на неговото значење како автор што ја доведе уметноста до нејзините граници, создавајќи нова форма на...
Верниците го прославија Велигден во духот на македонската традиција
Големиот христијански празник одбележан во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“
Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост, па во братољубие, оттука, па до сите краишта на светот, до каде што нè има како народ и како Црква, да објавиме на нашиот мајчин македонски јазик: Христос...
Истакнат борец за македонското самоопределување во Егејска Македонија и против бугарскиот врховизам и фашизам
Осумдесет и три години од смртта на знаменитиот македонски активист и револуционер Лазо Трповски
„Дали ќе останам жив, не е толку важно. Јас нема да бидам ни првиот, ни последниот, што ќе го жртвува својот живот во борбата. Жалам само за едно – што не можам да бидам меѓу вас да ги искорениме агентите на фашизмот и врховизмот од редовите...
Високи цени на нафтата додека не се нормализира сообраќајот во Ормускиот Теснец, предупредува американскиот министер за енергетика
Американскиот министер за енергетика, Крис Рајт, изјави дека цените на нафтата најверојатно ќе останат високи и би можеле дополнително да растат додека не се нормализира поморскиот сообраќај низ Ормускиот Теснец.
- Веројатно во следните неколку недели цените ќе го достигнат пикот, пред да почнат постепено да опаѓаат - изјавил Рајт, пренесува МИА.
Тој посочил дека стабилизацијата ќе зависи од развојот на...
Промена на власта во Будимпешта
Резултати по парламентарните избори во Унгарија
Се смета дека власта на новиот унгарски премиер Петер Маѓар ќе ги подобри односите со Европската Унија, но поранешниот висок функционер на партијата Фидес, Маѓар, најави и дека ќе зачува некои од политиките на досегашниот премиер Виктор Орбан
Новоформираната партија Тиса на Петер Маѓар оствари убедлива победа на изборите одржани изминатиот викенд во Унгарија,...
Видое Подгорец: Писателот треба да остане будната совест на својот народ!
По повод 29 години од смртта на еден од столбовите на современата македонска литература за деца
„Писателот е и треба да остане будната совест на својот народ!“ Овие зборови се творечкиот и животен принцип до кој се придржувал до крајот на својот живот Видое Подгорец, кого Институтот за македонска литература го означува како еден од столбовите на современата македонска литература...
Мирот е реалност или илузија?!
Повод: Некои опсервации за „примирјето“ во Иран
Во политичката теорија и популарната перцепција, примирјето често се доживува како момент на олеснување, како пресек меѓу хаосот на војната и надежта за траен мир. Но историското искуство упорно нè потсетува дека овој премин ретко е толку јасен и уште поретко мирен. Напротив, она што следува по замолчувањето на оружјето многу често...
Спортски вести
ШАХ - ПОЕДИНЕЧНО ЕП 2026
Трета победа на Златков во низа, втора за Ристески Лазов и Велјаноски ги загубија своите партии во петтото коло
Четворицата македонски претставници на 26. поединечно Европско првенство (ЕП), кое се одржува во Катовице (Полска) во 11 кола, во конкуренција на 501 шахист од 41 држава (94 ВМ), во петтото коло остварија променлив резултат, односно две победи...
Продолжува трката по европските трофеи
ФУДБАЛ
Актуелниот европски првак Пари сен Жермен, потоа Ливерпул, Барселона, Баерн и Реал Мадрид играат за нови континентални титули, а по прв трофеј одат Атлетико Мадрид, Арсенал и Спортинг
По вечерашните дуели Ливерпул - Пари сен Жермен (прв меч 0-2) и Атлетико Мадрид - Барселона (2-0) ќе бидат познати првите полуфиналисти во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ), а четирите најдобри...








































