Од минерал до уметност, со рубинот како инспирација, нов проект со поддршка од Словенија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска заедно со амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер, ја посетија работилницата за мозаик инспириран од рубин, која се одржува во ДСУЛД „Лазар Личеноски“. Станува збор за проект што на иновативен начин ги поврзува геологијата, уметноста и образованието преку практична работа со минерали. Фокусот е ставен на рубинот како симбол и материјал,...

Започнува битката за шампионската титула во одбојка

Вечерва, 19 часот, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, започнува битката за шампионската титула во Првата лига мажи, каде најдобрите две екипи и во регуларниот дел од првенството, Штип УГД и ГОК Борец ќе играат во серијата „подобар во пет“. Во финалето на плејофот Штип УГД влегува со (условно кажано) предноста од домашниот терен поради фактот дека на лидерската позиција...

Универзитетите дадоа поддршка за реформите во образованието

Ректорите на јавните универзитети изразија поддршка за новите законски решенија за високо образование и наука, оценувајќи дека тие ќе придонесат за подобрување на квалитетот и за посилно меѓународно позиционирање на македонските универзитети. На прес-конференција во Влада на Република Македонија, ректорката на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, истакна дека законите се разгледани низ инклузивен процес со учество на сите...

Имаме доволно обрасци за возачки дозволи за три години, уверува МВР

Министерство за внатрешни работи најостро ги демантираше информациите што се шират на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи. Од МВР информираат дека нема никакви проблеми во снабдувањето и дека, напротив, се обезбедени резерви доволни за наредните три години.  - Термин за фотографирање се добива во рок од еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и се издаваат...

Продолжена кризна состојба поради ризици во снабдувањето со нафта

Собрание на Република Македонија денеска на пленарна седница го усвои Предлогот за продолжување на рокот на кризна состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати. Со одлуката, која претходно доби поддршка и од собраниската Комисија за одбрана и безбедност, кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година. Таа ќе започне да се применува од 21 април, по...

МВР доби донација на возила за превоз на мигранти и затвореници

Во Министерство за внатрешни работи денеска беше извршено примопредавање на донација од Кралството Холандија, на која присуствуваа заменик-министерот Астрит Исени и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев. Холандската делегација ја предводеа амбасадорот Озлем Џанел и генералниот директор на Службата за транспорт и поддршка при Министерството за правда и безбедност, Ерик де Брост. Донацијата се состои од две специјализирани комбиња...

Неготинец осомничен за снимање на воени активности на Криволак

Дваесет и едногодишен жител на Неготино е осомничен за кривично дело поврзано со неовластено снимање во воен објект, информираа од Секторот за внатрешни работи – Велес. Како што соопштија од полицијата, вчера во 13.40 часот во ОВР – Неготино бил извршен службен разговор со лицето Д.К. (21) од Неготино, поради сомнение дека сторил кривично дело „неовластено влегување во воени објекти...

Психијатриски вештачења и отсуство на сведоците го одбележаа денешното рочиштето за „Пулс“

Со барања за психијатриски вештачења, читање на исказ на отсутен сведок и мерки за обезбедување присуство на други сведоци, помина денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пренесе МИА. Ниту еден од предложените сведоци на Обвинителството не присуствуваше во судницата, по што Судот ги прифати нивните предлози, вклучително и читањето на исказот на Денис Даутовски, кој во моментов...

Турција нареди 83 апсења поради објави што ги величат пукањата во училиштата

Турските власти наредија апсење на 83 лица и блокираа 940 профили на социјалните мрежи во рамки на истрага за онлајн содржини поврзани со пукањата во училиштата во Кахраманмараш и Шанлиурфа, јавува „Хуријет дејли њуз“. Според извештајот, идентификувани се 591 профил што ширеле намерни дезинформации, додека 66 адреси на Телеграм биле означени за отстранување на содржини и ограничување на пристапот. Дополнително, затворени...

Mакедонската книжевност за деца на Саемот во Болоња

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) годинава за првпат со свој самостоен штанд ја претставува современата македонска литература за деца на престижниот Саем на книги за деца во Болоња, најзначајната меѓународна манифестација посветена на книжевноста за деца, илустрацијата и издаваштвото. - Со внимателно осмислен настап, МАИ преку присутните изданија и специјално подготвените промотивни материјали ќе ја претстави богатата и разновидна домашна...