Фото: МВР

Министерство за внатрешни работи најостро ги демантираше информациите што се шират на социјалните мрежи за наводен недостиг на обрасци за возачки дозволи.

Од МВР информираат дека нема никакви проблеми во снабдувањето и дека, напротив, се обезбедени резерви доволни за наредните три години.

 – Термин за фотографирање се добива во рок од еден ден, а возачките дозволи се изработуваат и се издаваат за неколку дена, значително побрзо од законски предвидениот рок –  наведуваат од Министерството.

Од таму апелираат до граѓаните да не наседнуваат на непроверени информации и да не шират дезинформации што создаваат непотребна паника и забуна.