Фото: Пекселс

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од четирицикл додека се движел по шумски пат. Случајот бил пријавен вчера околу 14 часот, кога повредениот бил пренесен во Ургентниот центар.

– Во ОВР Гостивар е пријавено дека кај нив е донесено повредено лице по пад од возило. По извршените проверки утврдено е дека се работи за Е.К.(27) од Гостивар. Имено тој, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки и без возачка дозвола на шумски пат помеѓу селата Речане и Дуф, изгубил контрола и паднал при што се здобил со тешки телесни повреди – информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи, пренесува МИА.

Тој потврди дека за настанот е известен јавен обвинител. На местото на несреќата екипа од ОВР Гостивар извршила увид за да се утврдат поединости и околностите кои довеле до неа.