На средбата Силјановска-Давкова – Ердоган договорена посилна економска и политичка соработка меѓу Македонија и Турција
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска во Истанбул оствари билатерална средба со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, на која беше констатирано дека односите меѓу двете земји се карактеризираат со силно пријателство, доверба и континуирана поддршка.
Од нејзиниот кабинет информираат дека на почетокот од средбата Силјановска-Давкова изразила сочувство за жртвите во вчерашното пукање во училиште во Турција, посакувајќи брзо закрепнување на повредените.
Таа...
Бројот на жртви од училишното пукање во Турција се зголеми на 10
Уште едно лице почина денеска во болница како последица на ранувањата од вчерашното пукање во училиште во јужната турска покраина Кахраманмараш.
Со тоа, бројот на жртви од нападот се зголеми на десет, откако претходно беа убиени девет лица, а 13 беа ранети. Шестмина од повредените се во критична состојба, пренесе МИА.
Според истрагата, 14-годишниот напаѓач отворил оган во две училници во...
Комерцијална банка и Mastercard одбележаа значаен јубилеј – 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија
Комерцијална банка и Mastercard со јубилеен настан одбележаа 30 години од воведувањето на првата платежна картичка во Македонија. Како пионер и лидер во иновативните платежни решенија, Комерцијална банка пред три децении ја издаде првата меѓународно брендирана картичка во земјата, со што засекогаш ги промени начинот на плаќање и навиките на македонските граѓани.
Во присуство на високи претставници од Комерцијална...
Откриена спомен-плоча на родната куќа на Коцарев во Охрид
Охрид денеска на свечен и симболичен начин му оддаде почит на д-р Анастас Коцарев, истакнат лекар и патриот, кој својот професионален и животен пат го афирмирал во светот, носејќи го со себе духот на родниот град.
Во присуство на градоначалникот Кирил Пецаков, членови на семејството и голем број граѓани, пред влезот на неговата родна куќа во стариот дел на Охрид...
Во Пелагонискиот регион има инфрастуктурен бум, истакна Николовски
Пелагонискиот Регион се наоѓа во инфраструктурен инвестициски бум, кој ќе продолжи и во наредниот период, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со стопанственици од регионалните стопански комори од Битола и Прилеп.
Тој информираше за тековните проекти и најави нови инвестиции, нагласувајќи дека Владата има цел да го поттикне економскиот развој на регионот преку значајни инфраструктурни вложувања.
Меѓу...
Светот низ хумор, изложба на хрватските карикатури во вторник во галерија „Остен“
Хрватското друштво на карикатуристи во вторник, 21 април, во 19 часот ќе одржи изложба на карикатури во галеријата „Остен“ во Скопје.
На изложбата со свои дела ќе учествуваат карикатуристите: Франо Чебало, Мирослав Геренчер – Геро, Роко Иџојтиќ, Драгутин Дадо Ковачевиќ, Крешимир Квештек, Милан Лекиќ – Лекс, Мила Лончар, Мојмир Михатов, Живко Нимач, Дамир Новак, Зринка Остовиќ, Петар Пишместровиќ, Никола Плечко...
GABA – Гама-аминобутерна киселина и нејзина примена во психијатратријата
Автор: Д-р Билјана Илиев, психијатар
GABA - Гама-аминобутерна киселина е главен инхибиторен невротрансмитер кој делува на централниот нервен систем и припаѓа на групата ноотропи.
Синтетизираната форма на GABA – главен инхибиторен невротрансмитер во мозокот, учествува во намалувањето на нервната возбуда и ја подобрува рамнотежата помеѓу возбуда и инхибиција и го подобрува метаболизмот на невроните и искористувањето на глукозата. Има добра орална апсорпција,...
МВР најави симулациска вежба на охридскиот аеродром
Министерство за внатрешни работи ги известува граѓаните дека утре од 15 часот и задутре од 13.30 часот на Меѓународен аеродром „Свети Апостол Павле“ Охрид ќе се одржи симулациска вежба.
Целта на вежбата е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации.
Од МВР информираат дека за време на вежбата ќе има зголемено присуство...
Ученикот кој уби девет лица во Турција, делувал сам и не бил поврзан со терористички групи
Четиринаесетгодишен ученик кој вчера уби девет лица во училиште во турската покраина Кахраманмараш дејствувал сам и не бил поврзан со терористички организации, соопштија турските власти, пренесе МИА.
Напаѓачот отворил оган врз ученици и наставник, по што и самиот починал. Во нападот загинаа девет лица.
Полицијата го уапсила таткото на осомничениот, пензиониран полицаец, под сомнение дека оружјето што било користено му припаѓало...
Алиу најави повеќе практична обука за идните лекари
Реформата на здравствениот систем носи значајни промени во специјалистичкото образование, со цел подобрување на квалитетот на здравствените услуги, истакна министерот за здравство Азир Алиу на денешната прес-конференција.
Тој ги презентираше новите програми за специјализации и супспецијализации, нагласувајќи дека анализите покажале сериозни слабости во постојниот систем, тесно профилирани кадри со ограничена применливост, недоволна практична подготвеност, особено во итната и интензивната медицина,...








































