Фото: Илустрација/Пиксабеј

Автор: Д-р Билјана Илиев, психијатар

GABA – Гама-аминобутерна киселина е главен инхибиторен невротрансмитер кој делува на централниот нервен систем и припаѓа на групата ноотропи.
Синтетизираната форма на GABA – главен инхибиторен невротрансмитер во мозокот, учествува во намалувањето на нервната возбуда и ја подобрува рамнотежата помеѓу возбуда и инхибиција и го подобрува метаболизмот на невроните и искористувањето на глукозата. Има добра орална апсорпција, делумно ја минува крвно – мозочната бариера и e со добар метаболизам во мозокот. Дејството го постигнува за време од 60 минути.
Значително делува на подобрување на когнитивните функции (меморија, внимание, учење), намалување на анксиозноста и нервната напнатост, подобрување на церебралната циркулација, лесен стимулативен ефект кај ментална исцрпеност, последици на мозочен удар. Аминалон како орален додаток во исхраната може да помогне при нервоза, депресија, стрес, несоница.

Го подобрува метаболизмот на мозочните клетки, ја подобрува циркулацијата во мозокот, го стабилизира нервниот систем.
Ова може да доведе до: подобра концентрација, лесно подобрување на меморијата, намалена ментална замореност, ефектот е благ до умерен, најмногу помага кај: постари лица со васкуларни промени, лица со замор, стрес или когнитивен пад, ефикасен кај сериозни состојби како: Алцхајмерова болест, сите видови на деменција.
Ефектот се постигнува најчесто по 2–4 недели, а максимален ефект по 1–3 месеци
За подобрување на когнитивната функција, лекот сам по себе не е доволен. Многу поголем ефект има кај ‍физичка активност, здрава исхрана, добар сон, ментална стимулација (читање, учење).
По мозочен удар, дел од мозочните клетки се оштетени или имаат нарушена функција. Аминалон помага преживеаните неврони да функционираат подобро, делумно ја подобрува микроциркулацијата во мозокот поттикнува опоравување поддржувајќи ја способноста на мозокот да се реорганизира.
Во праксата реално ги подобрува говорните нарушувања, проблеми со меморија и концентрација, ментална замореност и бавност, а ефектот е: постепен, најчесто благ до умерен и се употребува по стабилизација на субакутна фаза и не се користи како итен третман.

Терапијата е со индивидуален пристап, според интензитет на симптоматологија и коморбидитети, дијагноза и комбинација со други терапевтски третмани и лекови за други заболувања и дијагнози.
Не ја заменува основната терапија (на пр. антикоагуланси, контрола на притисок), Не го „поправа“ оштетено мозочно ткиво, туку помага на преостанатото, најголем ефект има кога се комбинира со рехабилитација, друга когнитивна терапија при пад на меморија, вртоглавица, бавност во размислување.

Ефектот не е моментален, се јавува по неколку дена/недели , ако предизвикува несоница, не се исклучува туку се зема порано во денот, може да се комбинира со други ноотропи, но само по препорака од лекар, кај постари пациенти често се користи како дел од комбинирана терапија.
Често забележани придобивки кај пациентите се подобрување на концентрација и внимание, намалување на ментален замор, лесен анксиолитички ефект (смирување), подобрување на кличичката слика кај: пост-строк пациенти и пациенти со благи когнитивни нарушувања.

Современите истражувања за орална GABA покажуваат постоење на доказ за ефект врз стрес, постојат ефект врз сон и когниција, резултатите се неконзистентни (мешани) .
Оралната GABA: може да влијае на мозок (EEG промени, когниција), потенцијално има невропротективни ефекти
Денес науката генерално вели:
Потенцијални ефекти
• намалување на стрес
• благ ефект на релаксација
• подобрување на сон
• нервоза
• депресија
• стрес
• несоница
• предменструален синдром
• епилепсија
• ADHD (attention deficit hyperactivity disorder)
• стабилизирање на крвниот притисок.