Фото: Официјален фејсбук профил на Володомир Зеленски

Претседателот на Украина денеска на социјалните мрежи предупреди дека надлежните украински служби регистрирале „невообичаена активност долж украинско-белоруската граница“.

– Вчера имаше некои прилично необични активности долж украинско-белоруската граница, на белоруската страна – рече Зеленски во своето редовно дневно обраќање до нацијата.

Тој наведе дека Украина внимателно ја следи ситуацијата, дека држи сè под контрола и оти ќе реагира доколку биде потребно, но не изнесе дополнителни детали.

Украинското воено воздухопловство и граничните служби засега не коментираа. Зеленски во последните недели упати апел до официјален Минск повеќе да не се меша во руско-украинската војна.