Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
Повеќе од 388 милиони христијани низ светот се соочиле со тежок прогон и дискриминација поради својата вера во 2025 година, покажува годишниот извештај на невладината организација Опен Дорс (Open Doors), објавен денеска во Париз.
Директорот на организацијата за Франција и Белгија, Давид Хамерлин, истакна дека ова е зголемување за осум милиони луѓе во споредба со 2024 година, оценувајќи ја состојбата...
СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
Европските граѓани, чии навики за консумирање алкохол се меѓу највисоките во светот, го изложуваат своето здравје на ризик, додека владите веќе не ги користат даноците како алатка за ограничување на потрошувачката, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Во вчера објавениот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на ЕУ, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште поизразен...
Расмусен на разговори со Рубио и Венс за Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Локе Расмусен, денеска е во посета на Белата куќа во обид да ги смири тензиите околу Гренланд, откако американскиот претседател Доналд Трамп повторно се закани со преземање контрола врз овој стратешки важен арктички остров.
Откако се врати на должноста пред една година, Трамп во неколку наврати го разгледуваше преземањето на Гренланд од својот долгогодишен...
Аеродромите и ЕУ во судир околу новите прописи за гранична контрола
Новиот систем за влез во Европската Унија веќе создава застои
Новиот систем за влез и излез во ЕУ бара од над една третина од државјаните на земји што не се членки на Унијата да обезбедат дополнителни податоци на границата при влез во шенген-зоната
Новиот пропис на Европската Унија што налага поголем дел патници да поминат низ електронски гранични проверки на...
Сардините се здрави, ама не се за секого
Здрава храна
Конзервираните сардини содржат големи количества сол и пурини, што може да ги влоши високиот крвен притисок, гихтот и проблемите со бубрезите. Иако се богати со омега-3 масни киселини, тие не се безбеден избор за луѓе со хронични здравствени состојби.
Сардините често се на менито бидејќи се сметаат за еден од најздравите видови риби. Тие се богати со омега-3 масни...
Остатоците од кафе во јавните одводи ѝ штетат на животната средина
Британски научници предупредуваат дека истурањето на остатоците од кафе во одводите може да има многу штетни последици за животната средина. Повод за насочување на вниманието кон овој проблем е казна во висина од 150 фунти што неодамна морала да ја плати една жителка на западен Лондон, откако во јавниот одвод истурила талог од кафе. Во Велика Британија секој ден...
Живите патишта на Демир Хисар: Ановите како сведоци на минатото
Знаменитостите за Македонија
Демир Хисар и исчезнатата мрежа на анови: од османлискиот Железник до современиот град – патна култура, стопански јазли и социјални средби меѓу оскудната архивска граѓа и богатото усно паметење
Кога денес се зборува за ановите во Демир Хисар и неговата околина, најчесто се мешаат поимите град, село и област. Затоа, за правилно разбирање на оваа речиси исчезната...
Новите сознанија за диносаурусите ја оспоруваат популарната теорија меѓу палеонтолозите
Локалитет во Ново Мексико на кој се пронајдени фосили на голем број диносауруси, вклучувајќи го и гигантскиот аламосаурус, датира од време непосредно пред ударот на астероидот што наеднаш ја заврши ерата на диносаурусите, според истражување што истакнува дека овие суштества биле многу добро развиени до моментот на уништувањето. Возраста на тие фосили пронајдени на наоѓалиштето Наашоибито во северозападно Ново...
Подарокот
Зимска трилер-сторија (1)
Траперот ги затегна уздите и четирите ирваси ги вкопаа копитата во снегот. Растревожено стресоа со гривите, на кои се беше налепила снежна прашина, а низ ноздрите им фурнаа облачиња пареа. Наоколу весело се пронесе ѕвонот на ѕвончињата со кои беа накитени. Под стариот издолжен покрив на појатата беа сместени неколку запреги. Во централниот дел боботеше тенекиена печка....
Годишниот план за 2025: 481 енергетски објект со 1.265,89 MW, доминираат фотоволтаиците
На проценета вредност од над 1,35 милијарди евра се очекуваат инвестициите во нови капацитети за производство и складирање на електрична енергија што се веќе во фаза на реализација. Со Годишниот план за изградба на енергетски објекти за 2025 година, подготвен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и донесен од Владата, се опфатени 481 објект за производство на...







































