Советот на Европската унија одлучи да го прошири опсегот на правната рамка за ограничувачки мерки, првично воспоставена заради поддршката на Иран на воените активности на Русија против Украина и различни вооружени групи во Блискиот Исток и регионот на Црвеното Море. Со изменетата рамка, санкциите сега ќе се однесуваат и на лица и ентитети кои се вмешани во активности и политики на Иран кои ја загрозуваат слободата на пловидба во Блискиот Исток, објави Советот на Европа.
Одлуката ја реализира политичката согласност постигната од министрите за надворешни работи на ЕУ на Советот на 21 април 2026 година.
Акциите на Иран против бродовите што транзитираат низ Ормускиот Теснец се спротивни на меѓународното право и ги нарушуваат утврдените права за транзит и безбедно минување низ меѓународните теснеци.
Со новата правна рамка, ЕУ ќе може да воведува дополнителни ограничувачки мерки, кои вклучуваат забрана за патувања и замрзнување на средства за лицата и ентитетите ставени на листата. Покрај тоа, граѓаните и компаниите на ЕУ се забранети да им овозможуваат средства, финансиски средства или економски ресурси на наведените лица и ентитети.
Со оваа мерка, ЕУ ја зајакнува својата способност да реагира на закани кон слободата на пловидба во клучниот енергетски коридор на Блискиот Исток, обезбедувајќи поддршка на меѓународните стандарди и безбедноста на трговскиот сообраќај.
































