Дебранец приведен за возење под дејство на алкохол

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Дебар синоќа лишиле од слобода 60-годишен жител на градот, кој управувал патничко моторно возило под дејство на алкохол. -Синоќа  во 21:13 часот на улица „Јусуф Багери“ во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Љ.М.(60) од Дебар. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со...

Огледало на времето: Како Европа ја откривала Македонија низ перото на патниците

Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници (1) Што (не)знаеме за Македонија? На почетокот на новата година, нашата редакција почнува нов фељтон „Македонија во старите книги, патописи, карти, мапи, документи и весници“, во кој ќе можете да читате извештаи од стари патописи, извадоци од книги, описи на карти и мапи, документи, весници и сведоштва за Македонија и...

Се бркаат лошите духови за посреќна нова година

Василичарски карневали низ повеќе македонски места Во голем дел од градовите низ Македонија се организираат маскенбали или, популарно наречени, василичарски карневали. Нивното одржување се поврзува со испраќањето на старата година и пречекот на новата, за која се верува дека треба да биде подобра и посреќна. Таквата традиција ја следат и таканаречените џоломари, кои се дел од пагански автентичен обичај, кој...

Француската влада денеска пред две гласања за недоверба во парламентот

Француската малцинска влада денеска ќе се соочи со две гласања за недоверба во парламентот поднесени во контекст на споровите за договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и јужноамериканскиот економски блок Меркосур, јави ДПА. Пратениците попладнево ќе расправаат за предлозите поднесени од десничарската партија Национален сојуз на Марин Ле Пен и од левичарската Непокорена Франција. Набљудувачите не очекуваат дека овие иницијативи...

Древни обичаи ја чуваат македонската традиција

Одбележување на три празници во еден ден за Василица Свети Василиј е личност од црквата на чиј ден во Македонија има многу традиционални обичаи што се практикуваат, од карневали до василичарски огнови. Денот меѓу народот е познат како Василица, празник што се одбележува на разни начини, во зависност од традициите во разни региони во државата. Голем број македонски семејства...

Путин однапред ја планираше војната против Украина, вели Шолц

Поранешниот германски канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин одлуката за напад врз Укриана ја донел најмалку две години пред 24 февруари 2022 година. - Денес сум цврсто убеден дека Путин го планира својот напад однапред и речиси ништо не можеше да го одврати од тоа - истакна Шолц. Тој додаде дека Путин можеше да ги реализира сериозните барања,...

Вкупно 46 ракописи во конкуренција за наградата „Оливера Николова“

На вториот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, кој беше отворен од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи. Пристигнатите необјавени романи ќе ги оценува тричлена комисија составена од Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (прв добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денова (професорка по...

Димитар Пандев чекори по патот на Блаже Конески

„Матица македонска“ ја објави книгата „Стилски синтези“ Книгоиздателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Стилски синтези“ од истакнатиот македонски лингвист, книжевен критичар и писател Димитар Пандев. По повеќе објавени книги од областа на стилистиката и општата лингвистика, оваа книга на Пандев претставува обемен труд од областа на македонската стилистика, во кој авторот сеопфатно ја обработува теоријата за стилски синтези што ја...

Титулите ги освоија Роберс и Бацијашвили

ЕП 2025 ВО ЗАБРЗАН И ВО БРЗ ШАХ ЗА ЖЕНИ Холанѓанката Елин Роберс (2.413 рејтинг-поени) во брз шах и Грузијката Нино Бацијашвили (2.396) во забрзан шах се нови европски шампионки за 2025 година, по триумфите на Европското првенство (ЕП) од 8 до 11 јануари годинава во Монте Карло (Монако). Изданието за 2025 година постави нов рекорд за учество, со 154...

Објавена новелата „Кутриот Дионис“ од Михај Еминеску

„Македоника литера“ неодамна ја објави новелата „Кутриот Дионис“ од романскиот класичен писател Михај Еминеску, во превод од романски јазик на Ирина Кроткова. „Кутриот Дионис“ од жанровски аспект претставува комбинација од фантазија, историска фантазија, филозофска фикција, филозофска лирика, сатира. Ова прозно дело, класифицирано од науката за литературата како роман, новела или роман бајка, е либерална интерпретација на современата германска филозофија и...