Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, истакна Димитриеска-Кочоска
За исплатата на „Мој ДДВ“ се останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и ќе стартува во март годинава - информира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
- За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, најголемиот дел од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март...
За еврообврзницата постигнавме најконкуретна цена, одговорност кон фискална состојба и идните генерации, истакна Димитриеска-Кочоска
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оцени дека условите за 10-тата еврообврзница се најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении и оти се постигнати историски најниски маргини.
Задолжувањето се реализира преку две транши по 500 милиони евра, со рок на достасување од четири и од осум години и таквата структура, според министерката, овозможува оптимално...
Врховната рада го избра Михајло Федоров за нов министер за одбрана на Украина
На својата денешна седница Врховната рада на Украина го назначи Михајло Федоров (34) за министер за одбрана на Украина.
За Федоров гласаа 277 пратеници.
Британските медиуми пренесуваат дека Федоров, кој досега ја извршуваше функцијата прв вицепремиер и министер за дигитална трансформација и е широко почитуван поради неговата способност за иновации, пред пратениците рече дека ќе промовира реформи за модернизација и зајакнување...
Коперник: Изминатата година беше трета најтопла во историјата на мерењата
Минатата година беше трета најтопла година во историјата на глобално ниво, покажуваат податоците што денеска ги објави Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), кој раководи со климатската служба „Коперник“ (C3S).
Глобалните температури беа за 1,47 степени над прединдустриското ниво (1850-1900), што е за нијанса постудено од 2023 година и за 0,13 степени под рекордната 2024 година. Сепак, просечната температура...
Виткоф и Кушнер наскоро повторно во Москва на средба со Путин
Специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, сакаат наскоро да патуваат во Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, соопштија извори запознаени со ситуацијата, објави Блумберг.
Средбата би била дел од напорите на Трамп да го унапреди мировниот план за ставање крај на војната на Русија против Украина, но датумот не е...
Почна лидерската средба
Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Покрај Мицкоски, кој е придружуван од координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПНМНЕ Никола Мицевски, на средбата од коалициските партнери во Владата присуствуваат генералниот секретар на ЗНАМ и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата...
Успешната аукција за 10-тата Евробврзница јасен сигнал за довербата на меѓународните инвеститори, вели Димитриеска Кочоска
Каматните услови што ги обезбеди нашата држава се меѓу најповолните во регионот и пошироко, што дополнително ја зацврстува позицијата на државата како стабилен, кредибилен и конкурентен издавач на меѓународните финансиски пазари, оцени на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, откако вчера беше реализирана аукцијата за издавање на 10-тата Еврообврзница.
Според Димитриеска Кочоска, при носењето на оваа одлука водечко начело...
Техеран предупреди дека ќе ги нападне американските бази во регионот, ако САД го нападнат Иран
Техеран ги предупреди земјите во регионот дека ќе ги нападне американските воени бази во тие држави со случај САД да го нападне Иран, објави „Тајмс оф Израел“ (Time of Israel).
Неименуван ирански висок претставник истакна дека Техеран барал од државите во регионот да влијаат врз Вашингтон и да спречат евентуален напад врз Иран.
- Техеран им кажа на земјите во регионот,...
Истражување: Повеќе од 388 милиони христијани доживеале прогон поради својата вера во 2025 година
Повеќе од 388 милиони христијани низ светот се соочиле со тежок прогон и дискриминација поради својата вера во 2025 година, покажува годишниот извештај на невладината организација Опен Дорс (Open Doors), објавен денеска во Париз.
Директорот на организацијата за Франција и Белгија, Давид Хамерлин, истакна дека ова е зголемување за осум милиони луѓе во споредба со 2024 година, оценувајќи ја состојбата...
СЗО предупредува: Алкохолот во Европа е премногу евтин и достапен
Европските граѓани, чии навики за консумирање алкохол се меѓу највисоките во светот, го изложуваат своето здравје на ризик, додека владите веќе не ги користат даноците како алатка за ограничување на потрошувачката, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
Во вчера објавениот извештај, СЗО наведува дека пивото станало подостапно во 11 земји на ЕУ, додека кај жестоките пијалаци овој тренд е уште поизразен...







































