Ахмети: Се согласуваме со една изборна единица, со праг од 5% и отворени листи, а за укинување на техничката влада треба да се консултираат ЕУ и САД
Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети по лидерската средба истакна дека тие се една изборна единица со праг од пет проценти и со отворени листи. Во врска со идејата на премиерот Христијан Мицкоски за укинување на техничката влада, тој потенцира дека треба да се консултираат со ЕУ и САД.
- Во однос на прашањето за техничката влада,...
Касами: Да има отворени листи, а со измените на Изборниот законик да се изнајде можност за поголемо учество на дијаспората во гласањето
Да се укине техничката влада веднаш, а ако нема согласност од сите политички фактори, тогаш и следните редовни парламентарни избори да се одржат со техничка влада и потоа таа да се укине, е ставот на коалицијата „Вреди“, што бил изнесен на денешната лидерска средба.
Како што изјави градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“, на средбата било изнесено и...
Начелно е договорено до крајот на пролетта да се донесе нов Изборен законик, истакна Апасиев
Речиси тричасовната лидерска средба во Клубот на пратениците, иницирана од премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев ја оцени како „изненадувачки, за прв пат конструктивна“ посочувајќи дека било начелно договорено до крајот на пролетта, јуни да се донесе нов Изборен законик, иако за економските теми, како минималната плата рече дека не наишле на разбирање.
-Се...
Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада сме согласни да се укине, истакна Мицкоски
Најдовме своевиден компромис за Законот за прекршоците, а за техничката влада, генерално, сите се согласивме дека треба да замине во минатото - изјави премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешната лидерска средба во Клубот на пратениците.
Според Мицкоски, ако нема согласност кај сите парламентарни групи да се прифати предлогот за укинување на пржинската влада, таа да важи и...
„Мој ДДВ“ не се укинува, се подготвуваат налозите за исплата во февруари, соопштија од УЈП
Управата за јавни приходи ги демантира написите во некои од медиумите дека се укинува мерката „Мој ДДВ“.
- Јасно и недвосмислено истакнуваме дека не постои одлука за укинување на „Мој ДДВ“ - мерката се спроведува континуирано, а сите граѓани може да ја користат апликацијата и да ги остваруваат своите права во согласност со законските одредби. За спроведување на мерката „Мој...
Доколку суверенитетот на сојузниците биде загрозен, последиците би биле без преседан, истакна Макрон
Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле без преседан, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон на состанокот на кабинетот алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.
- Не ги потценуваме изјавите за Гренланд - рече Макрон, цитиран од портпаролката на владата, Мод Брежон.
- Доколку суверенитетот...
Гренланд ни треба за националната безбедност, НАТО да преземе водечка улога во тој процес, истакна Трамп
- На САД им е потребен Гренланд од причини поврзани со националната безбедност. Тој е од клучно значење за „Златната купола“ што ја градиме, а НАТО треба да преземе водечка улога во тој процес - рече американскиот претседател Доналд Трамп во објава на својата социјална мрежа „Тру соушал“.
Трамп нагласи дека Вашингтон нема да дозволи други сили да ја преземат...
Државниот пазарен инспекторат вклучува четириесет нови инспектори за контролирање, кој не ги почитува законите
Државниот пазарен инспекторат ќе биде зајакнат со 40 нови инспектори, кои треба да го поминат периодот на обука и кон средината на годината активно да се вклучат на терен.
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека на терен се потребни инспектори што ќе ја вршат контролата над сите трговски друштва со цел да се утврди кој не ги...
Не се размислува за укинување на „Мој ДДВ“, истакна Димитриеска-Кочоска
За исплатата на „Мој ДДВ“ се останува како досега, а конечните листи за исплата на солидарниот данок се направени и ќе стартува во март годинава - информира денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
- За исплатата на солидарниот данок направени се конечните листи, најголемиот дел од компаниите се согласија враќањето на солидарниот данок да биде на две рати, март...
За еврообврзницата постигнавме најконкуретна цена, одговорност кон фискална состојба и идните генерации, истакна Димитриеска-Кочоска
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска оцени дека условите за 10-тата еврообврзница се најконкурентна цена на задолжување што државата ја има постигнато во последните две децении и оти се постигнати историски најниски маргини.
Задолжувањето се реализира преку две транши по 500 милиони евра, со рок на достасување од четири и од осум години и таквата структура, според министерката, овозможува оптимално...







































