Турската компанија Каво Отомотив ќе инвестира во ТИРЗ Тетово, ќе се отворат 400 работни места
Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Гоце Димовски денеска остварил средба со Кемал Аманоел, главен менаџер на компанијата Каво Отомотив (Cavo Otomotiv) која планира да отвори фабрика во ТИРЗ Тетово.
На средбата, како што соопшти прес-службата на ТИРЗ, се разговарало за текот на инвестицискиот проект кој би требало да отвори над 400 нови работни места, за потенцијалите што ги...
На предлог на Министерството за правда, Владата го утврди Законот за Советот на јавни обвинители
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон, како што информираат од Министерството за правда, претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.
Клучни измени во Предлог-законот, како што посочуваат од Министерство за правда се:
- детално уредена постапка за разрешување на претседателот и...
Опожарена е куќа во село Челопек во општина Старо Нагоричане, повредени нема
Опожарена е куќа во село Челопек во општина Старо Нагоричане, нема повредени лица увид извршила кумановската полиција.
- Вчера во 10:22 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Челопек, општина Старо Нагоричане, настанал пожар во куќа сопственост на седумдесет и шестгодишниот Х.Т. Пожарот го изгасила Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане. Повредени лица нема - соопшти СВР Куманово, чија...
Меморијална планинарска тура на Клепа во спомен на Калина и Александар
Искачувањето на врвот Клепа е една од најмасовните планинарски акции во Македонија, која наедно го чува споменот за Калина и Александар
Спомените се единственото нешто што времето не може да го одземе. Сеќавањата се тивко, но моќно наследство што го носиме со себе за да ги зачуваме ликовите и делата на оние што не сакаме, ниту можеме, да ги пуштиме...
Попладне посебен сообраќаен режим поради посета на косовскиот премиер Курти
Посебен режим на сообраќај ќе има денеска, попладне, во Скопје поради посета на косовскиот премиер Албин Курти, најавија од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР информираа дека Курти денеска ќе престојува во официјална посета на нашата држава.
- Од тие причини, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град...
Уапсени двајца возачи, управувале возило со активна забрана, полицијата им ги одзеде возилата
Синоќа по полноќ во 00:20 часот на улица „Академик Пенчо Давчев“ во Велес, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода 42 - годишниот И.А. од Велес. При контрола во сообраќајот било сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.А., при што било констатирано дека го управувал со...
Со грант од ЕУ почнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на терминалите, т.н. „Паметни граници“, порачал директорот на Царина, Николовски
Со грант од ЕУ почнуваме со имплементација на Проектот за автоматизација на терминалите, т.н. „Паметни граници“, што значително ќе го забрза протокот на стоки на граничните премини. Очекуваме до крајот на 2027 година целосна имплементација на проектот, за што веќе е објавен и јавен повик за набавка на опремa, како и негово поврзување со системот за видео надзор и...
Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“
Водата од струшкиот водовод е здравствено небезбедна за пиење поради многу висока заматеност во изворот „Шум“ и низ сите мерни места низ градот.
Првичните анализи на Центарот за јавно здравје Охрид покажуваат дека заматеноста во изворот „Шум“ е 28,56 проценти, а максимално дозволена концентрација 1,5 отсто.
Д-р Лидија Симоноска, специјалист по хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје Охрид...
Сè уште не е договорен датум за следниот круг мировни преговори со Украина, рече Песков
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека сè уште не е договорен датум за следниот круг мировни преговори со Украина, додавајќи оти тоа ќе се случи набрзо.
Русија, САД и Украина минатата недела во Абу Даби ја одржаа втората рунда преговори, но не постигнаа голем напредок освен што беше договорена размена на 314 воени заробеници. Тоа е прва размена...
Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование, истакна Јаневска
Новото законско решение ќе доведе до повисок квалитет на високото образование. Со него не се навлегува во автономијата на универзитетите, вели министерката за образование и наука Весна Јаневска и додава дека наскоро ќе има јавни расправи на кои сите засегнати ќе можат да ги дадат своите забелешки.
- Во однос на коментари, тоа се релативно минорни забелешки. Но, како што...






































