Предлог-законот за високо образование ќе се надгради со сугестии од професори и јавноста, истакна Јаневска

Новиот закон за високо образование ќе донесе подобар квалитет на академската едукација и ќе ја унапреди позицијата на македонските универзитет на глобалните ранг листи. Ова ќе го постигнеме со зајакнати критериуми за избор во академски звања, што ќе стимулира изработка на повеќе научни трудови, како и со реорганизација на дел од студиските програми и воведување модуларност. Ова го истакна министерката...

Министерството за здравство и Град Скопје ќе го регулираат паркирањето во Клиничкиот центар

Владата донесе одлука за решавање на проблемот со паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза". Со оваа одлука, како што информира владината прес-служба, се создава правна основа за потпишување договор меѓу Министерството за здравство и Градот Скопје. - Се затвораат административните прашања што со децении го попречуваа уредувањето на паркирањето во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Министерството за здравство во рок од...

Вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис

Ќе се спроведуваат вонредни контроли на сите фирми за производство на медицински канабис, одлучи Владата на денешната седница. -Владата ги задолжи институциите во рамки на своите надлежности да ги преземат сите законски утврдените мерки и активности и да извршат вонредни контроли на сите правни лица кои имаат одобрение за одгледување и производство на канабис за медицински цели на цела територија...

По иницијатива на Ѓурѓај профункционира пратформата minoritete.al (малцинства.ал)

По иницијатива и залагање на претседателот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, профункционира платформата minoritete.al (малцинства.ал), чија цел да биде заеднички глас, простор каде се одразуваат животот, културата, идентитетот и правата на националните малцинства во Република Албанија - Со посебно задоволство ја претставувам мојата лична иницијатива minoritete.al, првиот национален онлајн медиум во Република Албанија, посветен исклучиво на националните малцинства. Оваа...

„Никој не е над законот“ во случајот со запленетите 40 тони марихуана, порачаа Мицкоски и Тошковски

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ја посетија просторијата во МВР каде што се складирани 40 тони марихуана, запление во неодамнешната полициска акција. Според надлежните институции, дрогата била произведувана и складирана надвор од законските протоколи, а целта ѝ била да заврши на улиците во Македонија и Европа. Министерот Тошковски во изјава објавена на Фејсбук профилот...

Одржана конференцијата „Кој и зошто пукаше во иднината на државата“ по повод триесетгодишнината од атентатот на Глигоров

Во просториите на Филозофскиот факултет во Скопје, по повод триесетгодишнината од атентатот врз првиот претседател на Република Македонија и врховен командант на АРМ, Киро Глигоров, денеска се одржа конференцијата „Кој и зошто пукаше во иднината на државата“. Конференцијата ја водешеше Гроздан Цветковски, поранешен висок службеник во Министерството за внатрешни работи, а учествуваа универзитетски професори, научници, експерти, меѓу кои и учесници...

ФОТО: Амбасадата на Русија го одбележа Денот на рускатата дипломатија со свечена церемонија во Битола

По повод Денот на руската дипломатија, Амбасадата на Русија денеска организираше свечена церемонија на која се положија венци на споменикот „Рускиот крст“, подигнат на местото на трагичната смрт на рускиот императорски конзул Александар Ростковски во 1903 година, како и на гробовите на руски сонародници, меѓу кои и првиот драгоман на Рускиот конзулат во Битола, Антон Лапе. Свештеници на Македонска Православна...

Вештачење за „Онкологија“: Хемотерапии давани без медицинска оправданост, кај дел од пациентите го скратиле животот

Sudenje Onkologija Nino Vasev
Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен суд Скопје, пренесува МИА. Вештачењето...

Руската Федерална служба за безбедност уапси уште еден соучесник во обидот за атентат врз генерал-потполковник Владимир Алексеев.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) уапси уште еден соучесник во обидот за атентат врз генерал-потполковник Владимир Алексеев. Станува збор за синот на претходно притворениот Виктор Васин, Павел Васин, кој помагал во следењето на рускиот воен персонал, објави Центарот за односи со јавноста (ЦВО) на ФСБ. - Федералната служба за безбедност уапси трет соучесник во подготовката на обидот за атентат врз...

Државниот санитарен и здравствен инспекторат постапува по забелешките на ДЗР за финансиските извештаи, велат од Министерство за здравство

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веќе постапува согласно констатираните забелешки и препораки во извештајот за извршена ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност за 2024 година на ДСЗИ, изготвен од Државниот завод за ревизија (ДЗР), соопштија попладнево од Министерството за здравство (МЗ). - Имено, во делот на забелешките што се однесуваат на инспекциските надзори, што се од техничка...