Макрон сака да го облече капутот на Наполеон
Дел од поентите на францускиот претседател дадени во интервју за „Ле монд“ што европските лидери тотално ги отфрлија
Два дена пред состанокот на шефовите на држави и влади на ЕУ во Брисел, францускиот претседател ги повика 27-те земји членки, во интервју за „Ле монд“ и неколку други европски весници, заеднички да инвестираат во еколошката транзиција, вештачката интелигенција и квантните технологии...
Но пасаран за предлогот на Макрон за Европа
Силен европски отпор за „францускиот предлог“ за иднината на ЕУ
Планот на Макрон за економската иднина на Европа заснована врз определбата за купување европски производи наидува на силен отпор во ЕУ, пред сѐ од Германија и Италија. На францускиот претседател ќе му биде тешко да ја придобие новата моќна двојка во Европа, особено имајќи предвид дека тој во ЕУ...
На криминалот местото му е на судска гилотина
Политичката порака дека е „крај на праксата на судската нефункционалност“ да биде воедно и институционален пресврт во правосудството
Со најновото соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, во кое остро се критикува работата на згаснатото специјално јавно обвинителство (СЈО) и дел од неговиот поранешен состав, повторно се отвора едно од најчувствителните прашања во македонското општество: Дали државата навистина влегува во фаза на...
Правдата не смее да биде селективна: Историјата, воените злосторства и неизвршената одговорност во Македонија
Хашкиот трибунал е при крај со УЧК, до каде е македонското правосудство во врска со четирите хашки случаи?
Меѓународната заедница конечно гледа како во Хаг правдата ги достигнува злосторничките политички и воени лидери што беа на високи позиции во УЧК (ОВК): поранешниот косовски претседател Хашим Тачи и други команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК)се соочуваат со обвиненија за...
Девизните резерви во јануари зголемени за 675,3 милиони евра
Девизните резерви на крајот на јануари годинава изнесувале 5.600,5 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 675,3 милиони евра, објави Народната банка.
Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (74,8%), по што следуваат монетарното злато (16,8%) и валутите и депозитите (8,4%).
Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада
Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот - објавија властите.
„Би-би-си“ јави дека пукањето се случило околу 13.20 часот по локално време.
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот...
Земјотрес го стресе Скопје, епицентарот во Косово
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, вечерва во 22.05 часот, беше почувствуван во Скопје.
Земјотресот е регистриран на границата со Косово.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот бил со магнитуда од 4,6 степени, а епицентарот бил на 47 километри од Скопје, во близина на Призрен во Косово.
Земјотресот е почувствуван во Македонија, Косово и Албанија и Србија.
На протестот на опозицијата во Тирана повредени полицајци и новинари
Учесниците по вечерашниот протест на албанската опозиција предизвикаа хаос, прво пред Владата, каде тој се одржуваше, а потоа и пред Парламентот.
По обраќањето на демократскиот лидер, Сали Бериша, почнаа со насилно однесување, обидувајќи се да го пробијат полицискиот кордон, оштетија дел од металната ограда, фрлаа молотови коктели, протехнички средства, кон владиниот објект.
Многу потензична ситуацијата беше пред Парламентот. Од запаливите средства...
Подготвен сум за воена акција ако нема договор со Иран, истакна Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен за воена акција против Иран ако не се постигне договор, наведувајќи дека во тој случај ќе дејствува како за време на 12-дневната војна во јуни минатата година.
Во телефонско интервју за израелската телевизија Канал 12, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави и Иран се обидуваат да постигнат договор, но дека Вашингтон...
Се чека став на синдикатите и работодавачите за новата кошничка, истакна Ристески
Просечната потрошувачка кошничка е изготвена уште минатата година, но се уште, повеќе од шест месеци, се чека одговорот од синдикатите и работодавачите - да кажат дали е во ред или имаат некакви сугестии кои можеби би требало да се вградат во неа.
Како што рече вечерва заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, просечната кошничка ќе биде најмалку 10 отсто...






































