Полагањето на правосудниот испит на албански јазик е прашање кое мора да се решава во рамки на Уставот и законите, порача Мицкоски
Полагањето на правосудниот испит на албански јазик е прашање кое мора да се решава суштински и исклучиво во рамки на Уставот и законите, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Тој одговарајќи на новинарско прашање по направениот увид во градежни активности на доградба на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ во Општина Кисела Вода, појасни дека сегашниот закон не дозволува таков тип на...
Обвинение за 79 годишен маж од Франција, се сомничи дека силувал 89 малолетни лица
Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетни лица.
Обвинетиот е приведен во 2024 и е осомничен дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година.
Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл.
Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир,...
ССМ продолжува со протестите, в четврток блокада на приодот до Стопанска комора, а во вторник ќе го блокира приодот кон Владата
Сојузот на синдикати денеска ја реализираше првата од најавените таргетирани блокади што ќе ги спроведе во следните денови барајќи зголемување на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 6.000 денари. До почетокот на собраниската седница беа блокирани влезовите на македонското Собрание затоа што, како што беше кажано, пратениците повеќе од една година не ги носат...
Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски, вели Мицкоски
Договорот што го постигна Владата со репрезентативните синдикати од администрацијата и јавната управа е историски и ќе овозможи зголемување на платите на вработените за 40 проценти, вели премиерот Христијан Мицкоски и додава дека со ова Владата како најголем работодавач го заокружува договорот со своите колеги.
-Овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, кој во следните две...
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4 проценти
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4 проценти, одлучи на седница Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи утре, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а за наредните аукции ќе се утврдува согласно со проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна...
Собранието ја изгласа потребата по скратена постапка да се донесе Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита
Собранието на денешната 84. седница ја изгласа потребата по скратена постапка да се донесе Предлог на законот за дополнување на Законот за здравствената заштита поднесен од пратеничката група на Левица.
Со решенијата предвидени во овој Предлог на закон ќе се овозможи ефикасна примена на начелата на потребата од стручност и компетентност за работните позиции за кои кандидатот конкурирал. Со предложеното...
Мицкоски вели дека Владата денеска треба да донесе одлука за проверка на сите правни субјекти кои се занимаваат со марихуана
Се очекува Владата денеска на седница да донесе одлука за вршење проверка во сите правни субјекти коишто се занимаваат со одгледување марихуана и производство на масло од канабис, како резултат на констатираните неправилности и непочитување на Законот кој ја регулира оваа област во неколку правни субјекти, поради што имаше заплена на 40 тони марихуиуана. Премиерот Христијан Мицкоски, вели дека...
Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела
Во наредните денови продолжува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни. На повисоките планински предели врнежите од дожд ќе преминуваат во снег - соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер што ќе услови до недела релативно високи температури.
Според прогнозата на УХМР, од недела попладне ќе...
Имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ во фокусот, порача Трајков
Состојбите со владеењето на правото, реформите во правосудството и борбата против корупцијата, реформата на јавната администрација, како и Реформската агенда беа разгледани денеска на состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација со Европската унија.
На состанокот на Комитетот посебен акцент е ставен на политичките критериуми и Реформската агенда.
-Како ко-претседавач на Комитетот за стабилизација и асоцијација дозволете да изразам задоволство што...
Максвел бара помилување од Трамп за да сведочи дека тој и Клинтон се невини во аферата Епстин
Гислејн Максвел, поранешна соработничка на осудениот сексуален престапник Џефри Епстин, откако одби да одговори на прашања во конгресната истрага, посочи дека доколку американскиот претседател Доналд Трамп ја заврши нејзината затворска казна, таа би била подготвена да сведочи дека тој и поранешниот претседател Бил Клинтон не направиле ништо лошо кога станува збор за нивните контакти со Епстин.
Комитетот за надзор на...






































