Македонија ги исполнува условите за брз влез во Европската Унија, изјави Радман
Македонија заслужува што поскоро да стане членка на Европската Унија, оцени вечерва министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Радман нагласи дека земјата е подготвена за следниот чекор во евроинтегративниот процес и дека започнувањето на преговорите е важно пред сè за граѓаните на...
Потребен е дијалог со Бугарија, но без отстапување од државните позиции, изјави Муцунски
Неопходно е да се пронајде решение за предизвикот во односите со Бугарија преку активен дијалог, но без отстапување од принципиелните позиции на државата, изјави вечерва министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, пренесе МИА.
Муцунски нагласи дека земјата не смее да остане заложник на билатерални...
Универзитетите и општеството мора заеднички да работат за иднината на младите, изјави Јаневска
Новиот Закон за високото образование не создава дискриминација, туку поставува стандарди засновани на меритократија, модуларен пристап во наставата, поголема практична обука и интернационализација, како и засилена соработка меѓу институциите. Законот предвидува и зголемена видливост на универзитетите и професорите, поголем акцент на стручните студии и развој на нови вештини кои досега не биле застапени во државата, како и поинтензивно учество...
Затворена обиколницата кај Битола поради свлечиште, сообраќајот се пренасочува низ градот
Обиколницата околу Битола е затворена за сообраќај од 18:30 часот поради свлечиште, информира ЈП „Македонијапат“.
Од претпријатието соопштија дека сообраќајот привремено се пренасочува низ градот Битола, додека екипите работат на расчистување на теренот, пренесува МИА.
Екипи на ЈП „Македонијапат“ се на лице место и преземаат активности за отстранување на свлечиштето и што побрзо нормализирање на сообраќајот.
Орбан побара од ЕУ да ја провери штетата на нафтоводот „Дружба“
Унгарскиот премиер Виктор Орбан побара Европската унија да испрати „мисија за утврдување факти“ која ќе ја процени штетата на нафтоводот „Дружба“ во Украина. Во писмо до претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во кое имал увид „Ројтерс“, Орбан нагласува дека ваквата мисија би можела да помогне во деблокирањето на новото финансирање за Украина, пренесе МИА.
- Унгарија ја поддржува идејата...
Разместување на британска војска во Украина ќе ја продолжи војната, истакна Захарова
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека евентуалното испраќање британски војници во Украина нема да придонесе за завршување на конфликтот, туку ќе доведе до негово продолжување, пренесе МИА.
Изјавата беше пренесена од британските медиуми.
Франција и Велика Британија минатиот месец потпишаа декларација со која се предвидува можност за распоредување мултинационални сили во Украина, но само по постигнување...
Тројца турски државјани осудени на пет години затвор за помагање при убиство во Штип
Тројцата турски државјани Рамазан Аџет, Селахадин Арслан и Осман Метихан-Кулдруд се осудени на по пет години затвор за нивната улога како помагачи во убиството што се случи во мај 2025 година во кафуле на плоштадот „Слобода“ во Штип. Пресудата ја соопшти судијката Јулијана Недкова од Основниот суд во Штип.
- Судот ги осудува обвинетите Рамазан Аџет, Селахатин Арслан, Осман Метихан...
САД и Европа на раскрсница, Македонија во потрага по стратегија
Институтот „Радика“ отвори дебата: Македонија пред нови геополитички предизвици
Трибината се одвиваше во атмосфера на сериозна аналитичка расправа, каде учесниците предупредија дека светот навлегува во нова ера на нестабилност, а Македонија мора да ја дефинира својата улога меѓу САД и Европа. Настанот ги собра основачите на Институтот – Кирил Миновски, Далибор Јовановски, Жидас Даскаловски, Раби Седрак и Ивица Боцевски...
По иницијатива на МАЕИ, Советот на Општина Пустец донесе одлука против изградбата на кампови за мигранти во Преспа
По иницијатива на Македонска алијанса за европска интеграција, Советот на Општина Пустец донесе одлука со која се изјаснува дека е против изградбата на кампови за мигранти во регионот на Преспа, објави весникот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.
Одлуката беше усвоена денеска на седница на Советот, откако советниците од Македонска алијанса за европска интеграција побараа точката да биде ставена на дневен ред....
Талибанците донесоа закон што дозволува мажите да можат да применат сила врз сопруги и деца
Талибанците објавија дека донеле нов Кривичен закон со кој им се дава право на мажите да применуваат физичко насилство врз жените и децата. Законот предизвика широка загриженост за заштитата на семејствата во Авганистан, бидејќи предвидува и казни за жените кои бараат засолниште во семејни домови за да избегнат злоупотреба, пренесе МИА.
На 21 февруари беше усвоен новиот закон, со кој...







































