„Не го познавав Епштајн“, истакнала Хилари Клинтон на шестчасовното сослушување
Сослушувањето на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон пред Конгресот на САД, поврзано со случајот на Џефри Епштајн, траеше повеќе од шест часа и заврши без јавни детали од расправата. По седницата зад затворени врати на Надзорниот одбор на Претставничкиот дом, Клинтон изјави дека одговорила на сите поставени прашања во рамки на она што ѝ било познато.
-Одговорив на секое...
Здравствената состојба на Дачиќ стабилна, без промени
Стабилна и без промени во моментов е здравствената состојба на потпретседателот на Владата на Србија и лидер на СПС, Ивица Дачиќ, соопшти помошник-директорот на Клиниката за пулмологија во Белград, Спасоје Попевиќ.
-Мерките за интензивно лекување продолжуваат. Состојбата засега е стабилна, а ноќта ја помина мирно, изјави д-р Попевиќ пред новинарите пред Клиниката за пулмологија, каде што Дачиќ е хоспитализиран, јавува...
„Одливот на мозоци“ остава длабоки последици врз развојот на државата, пренесе Давкова
Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска присуствуваше на презентацијата на проектот „Партнерства за вештини за одржливи и праведни модели на миграција“ (Skills4Justice), реализиран во рамките на програмата на Европската Унија за истражување и иновации „Хоризонт Европа“. Настанот се одржа на Економскиот факултет при УКИМ, кој е национален координатор на проектот.
Во своето воведно обраќање, претседателката истакна дека одливот на млади, високообразовани и...
Мицкоски за евроинтеграциите: Потребни се јасни гаранции дека условувањата нема да продолжат
До актуелната позиција на државата довела политиката на претходната влада, при што „некој мекотел го донел слонот во собата“ кој, како што рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју за ТВ Сител, сега не може да се игнорира. Тој ова го изјави одговарајќи на прашање дали измените на Уставот се неизбежни, особено во контекст на можни промени во принципот на...
Филипче е вознемирен поради исказите на Груби, тврди Мицкоски: Многумина во моментов се чувствуваат загрижено
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека побарал појаснување од Министерството за внатрешни работи и од Агенцијата за национална безбедност во врска со наводната загрозеност на Артан Груби во затвор. Како што посочи, станува збор за класифицирани и строго доверливи документи до кои директорот на затворот „Скопје“ нема пристап, иако тој претходно изјави дека безбедноста на Груби не би била доведена...
Мицкоски бара Обвинителството да постапи по наводите на Жан Митрев за обид за преземање на неговата болница
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Обвинителството треба да го повика доктор Жан Митрев да даде исказ и докази во врска со неговите тврдења за наводен обид за преземање на болницата „Жан Митрев“ од страна на поранешни владини функционери. Во гостување во емисијата „Тема на денот“ во Дневникот на Сител, Мицкоски нагласи дека институциите треба да утврдат дали изнесените наводи...
Мицкоски најави продолжување на истрагите за нелегален канабис и борба против политичкиот криминал
Премиерот Христијан Мицкоски информира дека институциите работат на случаи поврзани со нелегална дрога, при што се спроведуваат инспекции и се преземаат мерки против правни лица кои не постапувале согласно законските прописи. Во гостување во дневникот на Сител телевизија, тој говореше за откриените количини нелегална марихуана во државата и за тековните постапки.
-Извршени се инспекциски на неколку правни лица. На шест...
Хилари Клинтон тврди дека немала сознанија за криминалните активности на Епстин
Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон на денешното сослушување пред Конгресот изјави дека не била запознаена со злосторствата поврзани со Џефри Епстин и Гилејн Максвел.
-Немав поим за нивните криминални активности. Не се сеќавам дека некогаш сум го сретнала господинот Епстин - наведе Хилари Клинтон во воведното обраќање, кое го објави и на социјалните мрежи.
Таа и претходно посочуваше дека нејзиниот...
Македонија ги исполнува условите за брз влез во Европската Унија, изјави Радман
Македонија заслужува што поскоро да стане членка на Европската Унија, оцени вечерва министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, по средбата со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
Радман нагласи дека земјата е подготвена за следниот чекор во евроинтегративниот процес и дека започнувањето на преговорите е важно пред сè за граѓаните на...
Потребен е дијалог со Бугарија, но без отстапување од државните позиции, изјави Муцунски
Неопходно е да се пронајде решение за предизвикот во односите со Бугарија преку активен дијалог, но без отстапување од принципиелните позиции на државата, изјави вечерва министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, пренесе МИА.
Муцунски нагласи дека земјата не смее да остане заложник на билатерални...






































