Сигнал за старт на композицијата од слепиот колосек за тргнување кон Брисел?!

ЕУ сака да ги истестира механизмите за заобиколување на ветото Иако изјавата на првите луѓе на ЕУ се однесува на одблокирање на пакетот финансиска помош за Украина, сепак тоа е јасна порака и до оние што се сомневаат дека Унијата нема да може да го спроведе планот за „обратно проширување“ ако Брисел одлучи да го турка. Неофицијални извори соопштуваат...

Брзиот воз за Брисел и македонскиот перон

Според францускиот правник, универзитетски професор и политичар Бадинтер, во деведесеттите години на минатиот век Македонија беше најподготвена да патува за Европа. Но возот тргна само од словенечкиот перон. Ние уште чекаме. Не зашто немаме билети, туку најверојатно зашто возниот ред постојано се менува, а ние никако да тргнеме. Додека ние стоиме со куфер во рака, распоредот постојано се...

Нема шанси САД нема да влезат во долготрајна војна на Блискиот Исток, рече Венс

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека не постои можност евентуална американска воена акција против Иран да прерасне во повеќегодишен конфликт на Блискиот Исток. Во интервју за „Вашингтон пост“, Венс посочи дека претседателот Доналд Трамп разгледува различни опции – од ограничени воени напади со цел спречување на Иран да развие нуклеарно оружје, до дипломатско решение. Сепак, нагласи дека...

Вим Вендерс сака да нѐ спаси од живиот песок на политиката

Падна завесата на „Берлинале“, останаа зборовите на Вендерс. Политиката подалеку од филмовите. Затоа што еднаш Хана Арент рекла: „Вистинската опасност не е во тоа луѓето да се натераат да поверуваат во лагата - туку во целост да се откажат од вистината“. Во ова време на идеолошко прочистување (Пургаторио) зборовите на Вендерс предупредуваат. Сепак, сметам дека Холивуд едвај чека...

Посетата на Бајрам Бегај можност за нов исчекор во македонско-албанските односи

Посетата на претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај е можност да се потврди пријателството, но и да се демонстрира политичка зрелост преку отворено упатување на чувствителните прашања. Добрососедството не значи избегнување на темите, туку нивно решавање во духот на европските вредности. Јавноста во Македонија очекува оваа посета да не остане само на симболика и протокол туку да биде почеток...

Хап: Да бидеме подготвени да дадеме 100 отсто од себе

Двете селекции запишаа по две победи во првите две кола од претквалификациите за ЕП 2029, во пресрет на денешниот дуел (18 ч.) во Скопје Новиот селектор на македонската репрезентација Жозеп Марија Берокал ги избра 12-те кошаркари што ќе ѝ се спротивстават на селекцијата на Луксембург во претквалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) во 2029 година, денеска (18 часот,...

Политичките говори – од уметност до манипулација

Многу политичари и политички говорници видовме и слушнавме во овие 35 независни години. Кој подобар, кој полош, кој никаков. Некои знаеја да привлечат народ, некои стануваa одбивни веднаш штом ќе отвореа уста. Се избеседија илјадници говори што се заборавени од публиката уште утрешниот ден, како од поддржувачите така и од противниците. Ништо чудно и необично: говорништвото никогаш не престанало...

Силјановска-Давкова го пречекува Бегај со највисоки државни и воени почести

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе го прими претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на земјава. Од Кабинетот на претседателката информираат дека по официјалниот пречек е предвидена тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, по што ќе следува пленарен состанок на делегациите на Македонија и Албанија. По средбите, Силјановска-Давкова и Бегај ќе одржат заедничка...

Мозочниот развој не завршува со дваесет и петтата година

Во досегашната невронаука се тврдеше дека нашиот фронтален лобус „не е целосно развиен до 25 години“. Се сметаше дека дури во раната адултна возраст мозокот наводно го достигнувал максималниот развиток. Но ова верување се покажува повеќе како мит отколку како некаква пресвртница во мозочниот развој. Раните скенирања на мозокот покажаа дека сивата материја драматично се менува во текот на тинејџерските...

„Не го познавав Епштајн“, истакнала Хилари Клинтон на шестчасовното сослушување

Сослушувањето на поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон пред Конгресот на САД, поврзано со случајот на Џефри Епштајн, траеше повеќе од шест часа и заврши без јавни детали од расправата. По седницата зад затворени врати на Надзорниот одбор на Претставничкиот дом, Клинтон изјави дека одговорила на сите поставени прашања во рамки на она што ѝ било познато. -Одговорив на секое...