Половина од средствата за солидарниот данок ќе бидат вратени во март, истакна Димитриеска – Кочоска
Компаниите кои во 2023 година уплатија средства во буџетот врз основа на Законот за данок на солидарност ќе добијат назад половина од тие средства во март оваа година. Ова го потврди министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната собраниска седница, одговарајќи на прашање поставено од пратеникот Љупчо Пренџов, пренесе МИА.
Министерката пред пратениците истакна дека половина од уплатените три милијарди...
Во првиот месец од „Безбеден град“ поднесени 476 приговори
Во првиот месец од примената на системот „Безбеден град“ до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 476 приговори за поведување прекршочна постапка, 431 од правни лица и 45 од физички лица. По нив постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци.
Од Судот појаснуваат дека граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторен прекршок имаат законско право...
Извршниот директор на Светскиот економски форум во Давос поднесе оставка поради врски со Епстин
Претседателот и извршен директор на Светскиот економски форум (СЕФ), Берге Бренде, одлучи да поднесе оставка откако форумот започна независна истрага за неговите врски со осудениот сексуален престапник Џефри Епстин.
Бренде, кој е на чело на СЕФ од 2017 година, ја објави својата одлука денеска, неколку недели откако американското Министерство за правда откри дека Норвежанецот имал три деловни вечери со Епстин...
Мицкоски ја отфрли тезата за политички договор околу Артан Груби
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека поранешниот вицепремиер Артан Груби е обезбеден од органите на редот, а понатамошната постапка е во надлежност на судската власт.
- Бегалецот е обезбеден од страна на органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт, тоа е судската. Тоа нема никаква врска со Владата. Но, потсвеста е чудна и сега секој од нив...
Лавините во Австрија сезонава однесоа најмалку 26 жртви
Австрискиот одбор за алпска безбедност соопшти дека досега оваа зима во земјата загинале 26 лица во лавини, бројка која е значително над долгорочниот просек.
Особено критичен бил периодот меѓу 15 и 24 февруари, кога животите ги загубиле 14 лица, пренесе ДПА.
- Иако редовно се издаваат предупредувања за условите и ризикот од лавини, кај дел од луѓето се забележува недоволно управување...
Комисијата ги утврди коефициентите за платите на функционерите
Собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата денеска едногласно ја усвои одлуката за коефициентите според кои ќе се пресметуваат платите на претседателот на државата, пратениците и функционерите што ги избира и именува Собранието, пренесе МИА.
Според одлуката:
Претседателот на Републиката, претседателот на Собранието и претседателот на Владата ќе имаат коефициент 3,17.
Потпретседателот на Собранието, претседателот на Уставниот суд, главниот...
Обвинителните акти против 13 полициски службеници и злоупотреби со европски фондови ќе се распределуваат преку АКМИС
Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд – Скопје донесе решенија со кои целосно ги одобри двата обвинителни акта поднесени од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Со тоа се формираат два кривично-правни предмети, еден поврзан со пожарот во Кочани, а другиот со злоупотреби на европската ИПАРД програма, пренесе МИА.
Првиот предмет се однесува на 13...
Финансиските истраги доведоа до разоткривање на меѓународна нарко-мрежа
„Европол“ соопшти дека е разбиена меѓународна криминална мрежа која профитирала од трговија со кокаин и служела како канал за перење пари за италијанските мафијашки организации Камора и Ндрангета, пренесе МИА.
Мрежата функционирала преку фиктивни компании, лажни фактури и луксузни инвестиции, со што милиони евра од трговијата со кокаин биле проневерени и реинвестирани во европската економија.
Истрагата ја водела француската национална жандармерија...
Мицкоски: За ЕУ нема да водиме мекотелна политика
И по 2028 ВМРО-ДПМНЕ и коалициските партнери ќе ја формираат следната влада, а не гледам како вие со вакви ненародни политики и со тоа што претставувате меко ткиво ќе можете да добиете или да повратите дел од изгубените гласачи, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на прашање од пратеникот и претседател на СДСМ Венко Филипче.
Филипче го праша премиерот...
Репрезентациите на 13 мај почнуваат подготовки за Европската лига 2026
Подготовките за учеството на Европската лига 2026 за машката и женската сениорска репрезентација на Македонија ќе стартуваат на 13 мај во Скопје. Селекторот на мажите, Јошко Миленкоски, како и новиот предводник на дамите, Милош Гавриловиќ го дефинираа планот и програмата за работа на националните тимови за првите активности во летниот период.
Миленкоски репрезентацијата ќе ја собере во СЦ „Борис Трајковски“...






































