Сиљановска-Давкова – Бегај: Членството во ЕУ е најголемата инвестиција во стабилноста на Западен Балкан

Македонија и Албанија имаат одлични билатерални односи засновани на отворен дијалог, меѓусебна доверба и партнерство, а меѓу двете земји нема отворени прашања, порачаа претседателката Гордана Силјановска-Давкова и албанскиот претседател Бајрам Бегај на заедничката прес-конференција во рамки на неговата официјална посета на земјава. Двајцата претседатели оценија дека членството во Европската Унија претставува заедничка цел и најголема инвестиција во стабилноста на Западен...

Седница на Советот на Народната банка – Макроекономските движења се во рамките на проекциите

Советот на Народната банка, на редовната седница одржана во февруари 2026 година, ги разгледа најновите макроекономски показатели и Извештајот за управувањето и инвестирањето на девизните резерви во четвртиот квартал на 2025 година. Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, и натаму преовладуваат оцените за стабилен светски економски раст за периодот 2025 – 2027 година, но ризиците се надолни и главно произлегуваат...

Уставни измени се прифатливи ако се поврзани со Копенхашките критериуми, потребни се јасни гаранции, изјави Силјановска-Давкова

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова денеска изјави дека не би имала забелешки за уставни измени доколку тие навистина се однесуваат на одредби поврзани со Копенхашките критериуми, односно со надминување на дискриминација или обезбедување малцински права. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со изјавата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, дека земјава треба да го искористи актуелниот момент и да...

Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло, цените на бензините остануваат исти

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се зголемуваат за два денара по литар, додека цените на бензините остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со најновата одлука, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 1,17...

Билатерализацијата го усложнува патот кон ЕУ, членките треба да ја спречат, изјави Силјановска-Давкова

Билатерализацијата на процесот на евроинтеграција не треба да стане правило и земјите членки на Европската Унија мора навреме да ја превенираат - изјави претседателката Гордана Силјановска-Давкова на заедничка прес-конференција со албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој е во официјална посета на земјава. Силјановска-Давкова нагласи дека Македонија останува цврсто посветена на членството во ЕУ и оцени дека напредокот на Црна Гора и...

Законот за високо образование нема да се повлече, разумните забелешки ќе бидат прифатени, изјави Јаневска

Нема потреба од повлекување на предлог-законот за високо образование, бидејќи секое негово одложување би било на штета на високото образование, студентите и младите во државата - изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање дали законското решение ќе се врати на доработка. Таа посочи дека бројот на забелешки од универзитетите не е голем, при што дел...

Царината спречи нелегален транспорт на никотински кесички вредни 1,2 милиони денари

Секторот за контрола и истраги при Царинската управа откри и пресече обид за шверц на 4.800 пакувања никотински кесички, со вкупна вредност од околу 1,2 милиони денари. Против осомничениот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело шверцување, предвидено и казниво според Кривичниот законик, пренесува МИА. Од Царинската управа информираат дека лицето било запрено од мобилен царински тим при контрола...

Отежнато дишење и оток може да укажуваат на здравствени проблеми

Медицински совет Срцевата слабост не значи дека срцето престанало да работи. Едноставно кажано, тоа е состојба кога срцето нема доволно сила да пумпа доволно количество крв до сите делови од нашето тело и затоа трпи големо оптоварување. Во заднина на оваа поедноставена дефиниција, тоа е многу сложен процес што подразбира голем број причини и форми, а секако и последици. Многу болести...

Откриено вистинско богатство што лежело во дрвен сандак 500 години

Галеристите во шок! Експертите од париската галерија „Кабинет де Бајзер“ беа изненадени од откривањето редок цртеж од германскиот ренесансен уметник Ханс Балдунг Грин, кој исто така соработувал со Дирер. Откриениот портрет од 1517 година, кој бил во алзашко семејство од неговото основање, ќе биде понуден на аукција во „Лефевр и Асосиес“ во Париз на 23 март и е проценет на...

Зошто се зема повеќе крв отколку што е потребно

Решена мистеријата за епруветите Сцената им е позната речиси на сите: седите во лабораторија, техничарот вешто ја наоѓа вашата вена и гледате како една по друга епруветите се полнат со вашата крв. Во тој момент, многу луѓе се прашуваат дали навистина е потребно да се земе толку многу крв и што се случува со сите тие примероци. Иако количеството може...