Македонец уапсен за измама во Белград, лажно се претставувал како хирург и барал пари
Полицијата во Србија приведе 42-годишен македонски државјанин, осомничен за измама, откако лажно се претставувал како хирург и барал пари за наводни итни операции.
Според информациите од српското Министерство за внатрешни работи, осомничениот А.К., заедно со засега непознати лица, доведувал граѓани во заблуда, тврдејќи дека нивни блиски доживеале сообраќајна несреќа и дека е неопходна итна хируршка интервенција за која барал паричен...
ЕУ со фокус на отпадот и водите: клуч за УНЕСКО статусот на Охрид и Струга
Менаџирањето со отпад и третманот на отпадните води се меѓу клучните приоритети за Европска унија со цел Струга и Охрид да го задржат статусот на УНЕСКО. Ова го истакна евроамбасадорот Михалис Рокас по средбата со градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура.
На средбата било разговарано за евроинтегративниот процес на Македонија, како и за локалните предизвици со кои се соочува Струга.
Рокас...
ФОТО: Отворен Саемот на книгата 2026 во Скопје – празник на мислата, зборот и културата
Книгата е најтивката револуција што човештвото ја познава. Таа не вика, не урива, не бара дозвола, но менува сè, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на отворањето на Саемот на книгата 2026, што денеска се одржа во Скопје.
На свечениот настан, во присуство на голем број издавачи, автори, гости од земјава и од странство, како и љубители на...
Разговори за НАТО, реформи и инвестиции на средбата Муцунски–Варнс
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, што претставува прва средба по неговата неодамнешна посета на САД во рамки на втората сесија од Стратешкиот дијалог.
Како што информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, на средбата било изразено заедничко задоволство од продлабочувањето на...
Пазарниот инспекторат е постојано на терен, вели Дурмиши
Пазарниот инспекторат е постојано на терен и доколку евидентира случаи на зоупотреби од трговците, ќе реагираме во согласност со механизмите и мерките што ги имаме на располагање и ќе ја ограничиме профитната бруто-маржа да не оди над 10 проценти - изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, по денешната седница на Економско-социјалниот совет.
Досега, според него, има мало зголемувања...
Панел дискусија за управувањето со отпад во Ресен: За Преспа се потребни уште чекори за подобро управување со отпадот
Најголем проект за Пелагониско-југозападниот регион е управувањето со отпадот и изградбата на регионална депонија, со кој не само ќе се управува со отпадот од 18 општини, туку и ќе се заштити животната средина и ќе се подигне свеста на населението за одржливо управување со отпадот. Ова, меѓу другото, го истакна Јован Тезиевски, градоначалник на општина Ресен, на денешната панел-дискусија...
Алиу на економско-социјалниот совет: За секој денар од акциза од тутун, економијата троши приближно четири денари за справување со здравствените последици од пушењето
Министерот за здравство, Азир Алиу денеска се обрати на состанокот на Економско-социјалниот совет во Владата, на кој ги презентираше новините во предлог законот за заштита од пушење.
-Постојниот Закон е стар речиси 30 години и не одговара на денешната реалност, особено со појавата на нови производи, како што се електронските цигари и несогорливите тутунски производи, нејасните правила за угостителските објекти и...
Почна расправа за укинување на техничката влада: СДСМ бара повлекување, власта тврди дека институциите се зрели
На денешната седница на собраниска Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците почна амандманска расправа по предлог-законот за изменување на Законот за Владата, со чии измени се предвидува укинување на техничката влада.
Заменик-претседателот на Комисијата, Јован Јаулески, информира дека за предлог-законот се поднесени поголем број амандмани и даде пауза затоа што, како што рече, амандманите не биле технички обработени...
Драмски театар Скопје со „Болва в уво“ настапува на фестивалот РУТА во Тиват
Драмски театар Скопје со претставата „Болва в уво“ во режија на Синиша Евтимов гостува во Тиват, Црна Гора. Изведбата ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Центарот за култура во Тиват, како дел од програмата на црногорскиот регионален театарски фестивал РУТА.
Фестивалот го отвори директорот на Центарот за култура во Тиват, Горан Божовиќ, истакнувајќи дека учеството на...
Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
Во недела (26.04.2026) во периодот во девет часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со улицата „Васко Карангелевски“ до крстосница со булевар „Србија“ и на дел од улица „Васко...








































