Во недела (26.04.2026) во периодот во девет часот до 13:30 часот, ќе се одржи меморијална дуатлон трка насловена како „Меморијал Ѓоко Кузмановски“, со стартно-целна позиција пред СЦ „Јане Сандански“ при што натпреварувачите ќе се движат на дел од булевар „АСНОМ“ на потегот од крстосница со улицата „Васко Карангелевски“ до крстосница со булевар „Србија“ и на дел од улица „Васко Карангелевски“ на потегот од крстосница со булевар „АСНОМ“ до крстосница со пристапна сообраќајница кај „Мајчин дом“ во Скопје.
– Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници – информираат од МВР.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.



































