Земјите членки на Европската унија повикуваат на максимална воздржаност во конфликтот со Иран
Дваесет и седумте земји-членки на Европската Унија повикуваат на „максимална воздржаност“ и целосно почитување на меѓународното право во конфликтот со Иран и низ целиот Блиски Исток, вели шефицата за надворешна политика на Европската Унија, Каја Калас, пренесува МИА.
- Повикуваме на максимална воздржаност, заштита на цивилите и целосно почитување на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите на Повелбата на Обединетите нации...
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток
Расте бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се затечени во загрозените подрачја на Блискиот Исток. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, за МИА информираат дека досега повеќе од 150 македонски државјани, ги контактирале амбасадите во Тел Авив, Доха и Абу Даби, околу можностите за евакуација, пренесува МИА.
Со сите нив се одржува постојан контакт и доколку се...
Трамп се согласил да разговара со новите лидери на Иран
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа, пренесува МИА.
- Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив. Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се...
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, истакна Нетанјаху
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели премиерот Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа, пренесе МИА
- Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови...
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во нападите на Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата, пренесува МИА.
- Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо - беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-ен-би-си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред...
Телефонски разговор Муцунски – Бин Зајед: Силна поддршка, осуда на нападите и повик за деескалација
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари телефонски разговор со заменик-премиерот и министер за надворешни работи на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.
Во разговорот, министерот Муцунски изрази цврста солидарност и целосна поддршка кон Обединетите Арапски Емирати, упатувајќи најдлабоко сочувство за жртвите од нападите.
Тој остро ги осуди нападите извршени од Иран врз Обединетите Арапски...
Иранскиот напад со дронови врз поморската база во Абу Даби предизвикал пожар
Иранскиот напад со дронови врз поморската база во Абу Даби предизвикал пожар, но немало жртви, соопшти Министерството за одбрана, додека Иран го напаѓал Заливот втор ден по бранот американски и израелски напади, пренесува МИА.
- Специјализирани тимови денеска реагираа на инцидент што произлезе од напад на два ирански дрона врз магацин во поморската база Ал Салам во Абу Даби. Нападот...
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е убиен во воздушен напад, пренесуваат иранските медиуми
Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад е убиен во воздушен напад во главниот град Техеран, соопштија денеска иранските медиуми, пренесува МИА.
Засега нема официјална потврда од иранските власти.
Познат по своите тврдокорни ставови, Ахмадинеџад, кој беше претседател на Иран од 2005 до 2013 година, повика на уништување на Израел.
Пезешкијан вели дека привремениот лидерски совет ја започнал својата работа
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вели дека привремениот лидерски совет, формиран по убиството на врховниот лидер ајатолахот Али Хаменеи, ја започнал својата работа, пренесува МИА.
- Привремениот лидерски совет ја започна својата работа... ние ќе продолжиме со сета наша сила по патот што го постави Имам Хомеини - основачот на Исламската Република, вели Пезешкијан, во снимена видео изјава емитувана на државната...
ОПЕК+ објавија зголемување на квотите за производство на нафта
Клучните членови на алијансата за производство на нафта ОПЕК+ објавија поголемо од очекуваното зголемување на квотите за производство, по нападите на САД и Израел врз Иран, кои предизвикаа иранска одмазда низ целиот Блиски Исток, пренесува МИА.
Групата од осум членови, позната како В8, која ги вклучува клучните производители како Саудиска Арабија и Русија, како и неколку земји од Персискиот Залив...







































