Моџтаба Хамнеи бил ранет во војната, објави иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија, позната како „Гласот на Исламската Република Иран“, ја објави веста за изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач, наведувајќи дека тој е „ранет во војната“, пренесува агенцијата „Фокус“, објави МИА.
Водителите на државната телевизија во извештаите го опишуваат како „личност која е ранета од страна на непријателот за време на војната Рамадан“, како што иранските медиуми...
Филипче предлага намалување на ДДВ за горивата од 18 на пет проценти, од ВМРО-ДПМНЕ реагираат на неговото барање
Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес-конференција ја обвини власта дека не презема ништо против поскапувањето на цените поради војната на Блискиот Исток, и предложи намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната.
-Прво предлагаме намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5...
Запалена сува трева предизвика пожар во дел од магацин на компанија во близина на село Таринци
Запалена сува трева предизвика пожар во дел од магацин на компанија, која произведува раноградински производи во близина на село Таринци во Општина Карбинци. Причинета е материјална штета. Командирот од Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов вели пожарот се случи во 14.20 минути, а во моментот се врши негово догаснување. Ренџов додава дека на лице место интервенираат екипите на ТППЕ...
Штип одбележа 83 години од депортацијата на македонските Евреи
Во Штип денеска беа одбележани 83 години од Депортацијата на македонските Евреи во 1943 година, со комеморативна програма, полагање цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи и посета на еврејските гробишта.
На одбележувањето присуствуваа претставници на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија, како и државни и локални претставници.
Цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи положија...
Шест лица уапсени по осум пријави за семејно насилство во Скопје, Росоман, Кичево и Виница
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден регистрирало осум пријави за семејно насилство, а полициски службеници лишиле од слобода шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко.
Во 00.05 часот на подрачјето на скопски Карпош, полицијата го уапсила М.Д. (52) од Скопје. Според пријавата, на 8 март околу 16.30 часот во семејниот дом упатувал закани кон својата 47-годишна...
Жарко Ристоски и Ал Хилал ја одбранија шампионската титула во Саудиска Арабија
Втора година во низа македонскиот стратег Жарко Ристоски и Ал Хилал се шампиони во одбојкарското првенство во Саудиска Арабија. На едно коло до крајот на сезоната екипата на Ристоски ја потврди одбраната на шампионската титула, а официјалното крунисување треба да се случи в сабота.
Клучен момент за продолжување на доминацијата во Саудиска Арабија беше гостинската победа над лидерот Ал Ахли...
Сведочење за пожарот во „Пулс“: Подрачното одделение на ДЗС во Кочани немало инспектор
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката Пулс, сведочеше вработена во подрачното одделение на Дирекција за заштита и спасување во Кочани, која изјави дека во службата никогаш не била примена документација поврзана со дискотеката.
Сведокот, која работи во подрачното одделение од 2019 година, појасни дека нејзината работа се состоела во прегледување документација доставена од управители на фирми, како правилници за...
ЕУ треба да го забрза проширувањето во услови на геополитички предизвици, изјави Калас
Високата претставничка за надворешна политика на Европска Унија, Каја Калас, повика на забрзување на процесот на проширување на Унијата, истакнувајќи дека интеграцијата на нови членки треба да добие поголемо темпо во актуелниот геополитички контекст.
Говорејќи на годишната конференција на дипломатите на ЕУ во Брисел, Калас нагласи дека проширувањето и натаму мора да се темели на заслуги и исполнување на критериумите,...
Пет лица повредени во сообраќајка на патот Ржаничино – Таор
Пет лица, меѓу кои четворица малолетници, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Ржаничино – Таор на подрачјето на Скопје - информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, несреќата била пријавена денеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, кога патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски таблички, управувано од 17-годишник од селото Орешани, излетало од...
Енергетските интерконекции се клучни за безбедноста и интеграцијата со европскиот пазар, изјави Божиновска
За земјите од регионот енергетските интерконекции и модерните електроенергетски мрежи не се само дел од зелената транзиција, туку се клучни за енергетската безбедност, економската конкурентност и интеграцијата со европскиот енергетски пазар, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на министерскиот панел на високиот настан „Electricity, Digital and Regional Interconnectivity in South East Europe“,...







































