Трамп го потпиша законот за објавување на досиејата на Епштајн

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека го потпишал законот со кој се одобрува објавувања на сите истражни досиеја за починатиот сексуален предатор Џефри Епштајн. Претходно законот беше усвоен од Конгресот со 427 гласа „за“ и еден „против“ од републиканецот Клеј Хигинс од Лујзијана и од едногласно во Сенатот. Сега федералните обвинители во рок од 30 дена треба да ги објават...

Европската мисија на Јанта Волеј продолжува во ЦЕВ купот

  Единствениот македонски женски претставник кој остана активен во европските одбојкарски клупски купови сезонава, шампионот Јанта Волеј Кисела Вода, откако го заврши настапот во квалификациите за Лигата на шампионите, ќе продолжи со натпреварување во ЦЕВ купот. Одбојкарките на Никола Јаневиќ во 1/16 финалето од ЦЕВ купот ќе се соочат со хрватски Младост Загреб. Првиот натпревар Јанта Волеј КВ го игра на домашен...

Ако ова е пиар, нека трае засекогаш

Со години, нашиот град Скопје постепено се претвораше во слика на запоставеност и безредие. Од некогашниот горд град со душа и стил, Скопје стана метафора за неред, отпад, запуштеност и безнадежност. Ѓубрето се натрупуваше по улиците, тревниците се претвораа во џунгли, а парковите, кои некогаш беа белите дробови на градот, личеа на заборавени агли од некој напуштен индустриски простор....

Зеленски: Само Трамп и САД имаат моќ да стават крај на војната во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека САД и нивниот претседател Доналд Трамп имаат одлучувачка улога во напорите за ставање крај на војната на Русија во Украина. По разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара, Зеленски нагласи дека Украина од почетокот на годинава го поддржа секој одлучен чекор и лидерство на Трамп, „секој силен и фер предлог насочен кон...

Оксфам: Се продлабочува јазот помеѓу богатите и сиромашните – милијардерите од Г20 би можеле да ја искоренат светската сиромаштија

Организацијата за развој Оксфам (Oxfam) соопшти дека продолжува да расте нееднаквоста помеѓу луѓето низ целиот свет. - Милијардерите во земјите од Г20 го зголемиле своето богатство за 2,2 трилиони долари во текот на изминатата година. Таа сума би била доволна да се извлечат 3,8 милијарди луѓе од сиромаштија - се наведува во денеска објавената анализа на Оксфам, објавена пред Самитот...

Потврдена е силната посветеност на државата на евроинтеграцискиот пат, констатирано на средбата Муцунски-Кос

Европските перспективи на земјата, заедничките безбедносни предизвици и продлабочувањето на соработката во областа на безбедноста и одбраната, беа главни теми на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел. На средбата е потврдена силната посветеност на државата на евроинтегративниот пат, на континуитетот во реформските процеси, како и на носењето...

Формирање анкетна комисија за „Пулс“ не е целисходно, ЈО не остави простор за одолговлекување на постапката, рече Коцевски

Очекуваме транспарентна постапка, динамиката на судење ја определува судот. Од наша страна се исполнети сите услови, ангажирав дополнително уште неколку обвинители за да не се одолговлекува постапката од ЈО, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски одговарајќи на прашање за неговите лични очекувања за судскиот процес за пожарот во „Пулс“ во Кочани кој почна денеска. Во интервју во Дневникот на „ТВ...

Обезбедувањето сигурност за секој граѓанин е врвен приоритет, истакна Јанев во Тирана

Директорот на Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, Александар Јанев, денеска во Тирана учествуваше на регионалниот стратешки состанок, организиран и поддржан од агенциите за спроведување на законот на Обединетото Кралство. - Фокусот на состанокот беше насочен кон справување со предизвиците поврзани со нелегалната миграција, прекуграничниот криминал, дејствувањето на организираните транснационални групи и нелегалните финансиски текови – области...

Израел го нападна jужен Либан откако ги предупреди жителите да се евакуираат

Израелската армија изврши воздушни напади врз „воени локации“ на либанското шиитско движење Хезболах во jужен Либан денеска, откако напад со дрон претходно во текот на денот уби едно лице и повреди неколку други, вклучувајќи ученици во автобус. Новиот бран напади се случи во услови на ескалација на тензиите меѓу Израел и милитантната група. Во воздушен напад вчера загинаа 13 лица во...

Делегација на Пентагон испратена во Киев да ги обнови прегoворите за завршување на војната, објави „Волстрит џурнал“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати високо рангирана делегација од Пентагон во Киев на разговори со цел оживување на преговорите за завршување на војната во Украина, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на високи американски претставници. Делегацијата, составена од секретарот за одбрана Ден Дрискол и двајца врвни генерали, се очекува да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и други воени и...