ЕУ треба да го забрза проширувањето во услови на геополитички предизвици, изјави Калас
Високата претставничка за надворешна политика на Европска Унија, Каја Калас, повика на забрзување на процесот на проширување на Унијата, истакнувајќи дека интеграцијата на нови членки треба да добие поголемо темпо во актуелниот геополитички контекст.
Говорејќи на годишната конференција на дипломатите на ЕУ во Брисел, Калас нагласи дека проширувањето и натаму мора да се темели на заслуги и исполнување на критериумите,...
Пет лица повредени во сообраќајка на патот Ржаничино – Таор
Пет лица, меѓу кои четворица малолетници, се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат Ржаничино – Таор на подрачјето на Скопје - информираа од Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, несреќата била пријавена денеска околу 01.00 часот во СВР Скопје, кога патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски таблички, управувано од 17-годишник од селото Орешани, излетало од...
Енергетските интерконекции се клучни за безбедноста и интеграцијата со европскиот пазар, изјави Божиновска
За земјите од регионот енергетските интерконекции и модерните електроенергетски мрежи не се само дел од зелената транзиција, туку се клучни за енергетската безбедност, економската конкурентност и интеграцијата со европскиот енергетски пазар, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на министерскиот панел на високиот настан „Electricity, Digital and Regional Interconnectivity in South East Europe“,...
Нов објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во изведба на Стентон Градба
Градежната компанија Стентон Градба е изведувач на проектот за изградба на нов универзитетски објект и партерно уредување на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, чиј камен темелник беше поставен во петокот, 07.03.2026 година.
Станува збор за капитален зафат од областа на високото образование и градежништвото, кој претставува значајна инвестиција во современа образовна инфраструктура.
Според предвидената проектна документација, вкупната површина опфатена со...
Длабоко сум разочаран од односот на една земја членка на ЕУ кон нашите граѓани, изјави Муцунски
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија подготвува соодветна дипломатска реакција по одлуката на бугарските власти за десетгодишна забрана за влез на адвокатот Тони Менкиновски во Бугарија - најави ресорниот министер Тимчо Муцунски на денешната прес-конференција во Владата.
Одговарајќи на новинарско прашање дали ќе биде упатена протестна нота, Муцунски истакна дека државата и во минатото реагирала по соодветен дипломатски пат...
Сијарто бара ЕУ веднаш да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас поради можен раст на цените
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска ја повика Европската Унија „веднаш“ да ја укине забраната за увоз на руска нафта и гас, бидејќи на Европа ѝ се заканува нов силен удар врз цените на енергенсите поради војната на Блискиот Исток и затворањето на Ормускиот Теснец.
Тој на платформата Икс објави дека е загрозен „голем дел од глобалното снабдување со...
До крајот на неделата ќе бидат евакуирани сите македонски државјани што побарале извлекување од Блискиот Исток, изјави Муцунски
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска информира дека е во тек координиран процес на евакуација на македонските државјани од повеќе земји на Блискиот Исток, кој, како што рече, се очекува да биде финализиран до крајот на оваа недела.
На прес-конференција во Владата, Муцунски истакна дека од првиот момент на ескалацијата на безбедносната криза е воспоставен кризен...
РКЕ: Дизелот поскапува за 14,5 денари, бензините за пет денари по литар
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за 14,5 денари, а цената на бензините се зголемува за пет денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 14,27 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС -...
Приведени 11 возачи за безобѕирно управување, осуммина без возачка дозвола, истакна МВР
На територија на државата, полициските службеници вчера лишиле од слобода 11 возачи, од кои осум за управување возило без возачка дозвола, двајца за управување на возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден за возење под дејство на алкохол - соопшти Министерството за внатрешни работи.
– Најмногу возачи се лишени на подрачјето на СВР Охрид – пет, додека...
Иранската револуционерна гарда му изрази лојалност на новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи
Иранската револуционерна гарда, идеолошката армија на Исламската Република Иран, му се заколна на верност на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах Али Хамнеи, кој е именуван за нов ирански врховен лидер.
Исламската револуционерна гарда „го поддржува изборот на Советот на експерти и е подготвена целосно да се покори и да се жртвува за да ги исполни божествените заповеди“ на Моџтаба...





































