Трамп вели дека војната против Иран е речиси целосно завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната против Иран би можела наскоро да заврши, оценувајќи дека иранските воени капацитети се сериозно ослабени, објави „Си-ен-би-си“. Според новинарката на „Си-би-ес њуз“, Веиџија Џијанг, Трамп изјавил дека конфликтот е „практично завршен“. – Мислам дека војната е речиси целосно завршена. Тие немаат морнарица, немаат комуникации, немаат ни воздухопловни сили – изјавил Трамп. Тој додал дека иранските...

Орбан ја повика ЕУ да ги укине сите санкции за руските фосилни горива

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја повика Европската унија да ги укине сите санкции за руските фосилни горива за да ги ублажи проблемите поради скокот на цените на нафтата и гасот предизвикан од војната на Блискиот Исток. Орбан, кој важи за најблизок партнер на Москва во ЕУ, рече дека испратил писмо до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен,...

Менкиноски: Забраната за влез во Бугарија е притисок врз адвокат кој ги брани правата на Македонците

Адвокатот Тони Менкиноски, кој доби црн печат од граничната полиција за влез во Бугарија до 2036 година, денеска го информирал Парламентот, Владата и Министерството за надворешни работи за да преземат соодветните чекори согласно нивниот мандат и овластување, бидејќи, како што рече, да се стави црн печат на адвокат не се случило ниту во Нинбершките процеси. Менкиноски, кој ги застапува...

Вниманието на меѓународните партнери во моментов е насочено кон ескалацијата на состојбите околу Иран, вели Зеленски

Планираната средба меѓу украинските преговарачи и американските посредници, која требаше да се одржи оваа недела, е одложена поради актуелната безбедносна ситуација поврзана со конфликтот на Блискиот Исток, соопшти украинскиот претседател Володимир Зеленски. Зеленски посочи дека вниманието на меѓународните партнери во моментов е насочено кон ескалацијата на состојбите околу Иран. – Во моментов приоритетот на партнерите и целото внимание се насочени кон...

СЗО загрижена: Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток може сериозно да влијае врз јавното здравје

Ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и неговото влијание врз јавното здравје се причина за голема загриженост, изјави денеска шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. - Оштетувањето на нафтените постројки во Иран носи ризик од контаминација на храната, водата и воздухот – опасности кои можат да имаат тешки здравствени влијанија, особено кај децата, постарите лица и луѓето...

Цената на нафтата падна под 100 долари по турбуленциите во Ормускиот Теснец

Цените на нафтата денеска се вратија на ниво под 100 долари за барел по скокот на отворањето, бидејќи главните производители од Блискиот Исток почнаа да го намалуваат производството по нарушувањата во транспортот во Ормускиот Теснец. Така, нафтата брент е во пораст од околу осум отсто и е на ниво од околу 99,5 долари за барел, а американската сирова нафта WTI...

Филков ќе претседава со работната група за реформи во изборното законодавство

Во Министерството за правда денеска се одржа конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство, со која претседава министерот за правда Игор Филков. Како што информираат од Министерството, на првата седница се разговарало за Деловникот за работа и начинот на функционирање на работната група. Следната седница е закажана за 23 март, а на членовите ќе им биде доставен работниот...

Од 28 февруари сме во состојба на висока готовност, истакна Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека тој и високите функционери ги анализирале можните последици од кризата на Блискиот Исток, од економијата и трговијата до безбедноста на границите. - Од 28 февруари сме во состојба на висока готовност со сите наши единици. Ги мобилизиравме сите државни институции. Нашата главна цел е да ја држиме нашата земја подалеку од овој...

НАТО потврди дека пресретна уште една ракета насочена кон Турција

НАТО потврди дека пресретна уште една ракета насочена кон Турција. Претходно, турското Министерство за одбрана објави дека балистичка ракета лансирана од Иран е соборена во турскиот воздушен простор, пренесува МИА. Во соопштението се наведува дека ракетата е уништена од системите за воздушна одбрана на НАТО распоредени во Источен Медитеран и дека делови од ракетата паднале во југоисточна Турција. - НАТО повторно...

Моџтаба Хамнеи бил ранет во војната, објави иранската државна телевизија

Иранската државна телевизија, позната како „Гласот на Исламската Република Иран“, ја објави веста за изборот на Моџтаба Хамнеи за нов врховен водач, наведувајќи дека тој е „ранет во војната“, пренесува агенцијата „Фокус“, објави МИА. Водителите на државната телевизија во извештаите го опишуваат како „личност која е ранета од страна на непријателот за време на војната Рамадан“, како што иранските медиуми...