Камчето фрлено во песокот, а концентричните кругови се шират
Сѐ уште актуелен тренд за проширување на воениот конфликт на Блискиот Исток
Иран изведе напади врз американските воени капацитети и инфраструктура во Кувајт, Катар, Саудиска Арабија и во Обединетите Арапски Емирати, додека Израел соопшти дека почнал нова серија воздушни удари врз Иран и Либан
Сѐ повеќе држави од Персискиот Залив, како и Турција и Азербејџан, се наоѓаат на нишан, известувајќи...
„Мозаичната војна“ на Иран засега му дава успешен отпор на боиштето
Новата иранска доктрина за војување го менува концептот на модерната војна
Децениските анализи на западните интервенции доведоа до стратегија во која државата, во случајов Иран, може да функционира и да се бори дури и кога централното раководство е сериозно разорено
Иран обезглавен, но со функционален систем
Современите конфликти често се водат од стратегијата на т.н. „обезглавување“, односно елиминација на клучните политички,...
Конфликтот со Иран почна поради таен нуклеарен објект, истакна Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека конфликтот со Иран започнал откако иранските власти започнале изградба на нов објект за производство на материјали наменети за нуклеарно оружје.
Според него, новата постројка требало да ги замени објектите што САД ги бомбардирале претходната година.
-Тие почнаа да градат друг објект – различен тип постројка, заштитена со гранит - изјави Трамп.
Тој оцени дека Техеран се...
Трамп по разговорот со Путин: Разменивме идеи за Украина и Иран
Војната во Украина и актуелната состојба на Блискиот Исток биле меѓу главните теми на телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.
Трамп пред новинарите изјави дека разговорот бил „многу добар“ и дека биле разменети ставови за повеќе меѓународни прашања.
Тој посочи дека постојат големи тензии меѓу рускиот претседател и украинскиот лидер Володимир Зеленски, но оцени дека...
„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација
Во големата сала на галерискиот простор Чифте амам, на 17 март 2026 во 19 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „А“ на уметницата Олгица Антовска.
Поставката е конципирана како долг полиптих од триесет платна, поставени на бела позадина и продолжени во нишите на просторот. Делата, инспирирани од водата и светлината, уметницата ги претвора во симбол на живот и духовност. На...
Какво време нè очекува неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се движи од -3 до 3 степени, додека максималната ќе достигне меѓу 12 и 18 степени - информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб...
Трамп вечерва на прес-конференција за војната со Иран: Може да се каже и дека ова е почеток на создавање на нова држава
Американскиот претседател Доналд Трамп, вечерва на прес конференција изјави дека очекува војната со Иран да заврши „многу скоро“, но истовремено нагласи дека конфликтот може да претставува и „почеток на градење нова држава“, објави „Си-би-ес Њуз“.
Трамп говореше пред новинарите во неговиот голф-клуб во близина на Мајами, на својата прва формална прес-конференција откако САД и Израел започнаа напади врз цели во...
Унгарската влада ќе ги ограничи цените на бензинот и дизелот на бензинските пумпи, соопшти Орбан
Унгарската влада ќе ги ограничи цените на бензинот и дизелот на бензинските пумпи, почнувајќи од полноќ по локално време, изјави премиерот Виктор Орбан во Будимпешта.
Овој потег е последица на скокот на глобалните цени на нафтата, до кој дојде поради американско-израелската војна против Иран, која почна на 28 февруари и ги зафаќа клучните земји и инфраструктурата за производство и транспорт...
Трамп телефонски разговарал со Путин за војната со Иран
Кремљ соопшти дека Трамп разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин за ситуацијата поврзана со војната, објави „Си-ен-би-си“, повикувајќи се на „Си-би-ес Њуз“.
Според новинарката на „Си-би-ес њуз“, Веиџија Џијанг, советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков истакнал дека Путин за време на разговорот предложил иницијативи насочени кон побрзо завршување на конфликтот.
Трамп, како што пренесува новинарката Џијанг, исто така...
Македонската амбасада во ОАЕ: Во среда ќе се организира транспорт на македонските државјани кои се наоѓаат во Бахреин
Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати ги информираше македонските државјани кои се наоѓаат во Бахреин дека во среда ќе биде организиран нивен транспорт до Саудиска Арабија, од каде со специјален лет ќе се вратат во Македонија.
Според соопштението објавено на официјалната Фејсбук-страница на амбасадата, автобус на компанијата „Флајнас“ ќе тргне на 11 март во 06:00 часот наутро од Манама, Бахреин,...







































