Меѓународната агенција за енергија објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви, што е најголемо во историјата на организацијата. Ова го објави шефот на ИЕА, Фатих Бирол, во изјава емитувана онлајн на веб-страницата на организацијата. Конфликтот на Блискиот Исток има силно влијание врз глобалните енергетски пазари, а Азија е најтешко погодена, рече Бирол. Одлуката за ослободување на количини од...

Пезешкијан ги постави условите за завршување на војната

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран. - Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква...

Уставен ги отфрли сите иницијативи за оспорување на „Безбеден град“

Уставниот суд ги отфрли сите иницијативи на денешната 7. седница со кои се оспоруваше уставноста на законските измени од Законот за прекршоци за системот „Безбеден град“. Уставните судии одлучија дека измените во Законот за прекршоци не се во спротивност со Уставот и ги отфрлија иницијативите поднесени од двете крила на Алијансата за Албанците, предводени од Зијадин Села и од Арбен...

Пратениците во ЕП денеска усвоија стратегија за проширување на Европската унија

Пратениците во Европскиот парламент денеска усвоија стратегија за проширување на Европската унија во која се оценува дека проширувањето е стратешки одговор на променливата геополитичка реалност и витална инвестиција во безбедноста и стабилноста на ЕУ. Според усвоениот документ, цената на непроширувањето би ја надминала цената на придружувањето на нови членки на ЕУ, што би ризикувало создавање на геополитички сиви зони подложни...

Трамп тврди дека војната ќе заврши наскоро

Американскиот претседател Доналд Трамп за Аксиос изјавил дека војната ќе заврши „наскоро“ и оти „практично нема преостанато ништо за гаѓање“. - Во секој момент кога ќе посакам да заврши, таа ќе заврши – ја пренесува Би-би-си изјавата на Трамп. Конфликтот почна на 28 февруари во соработка со Израел, чиј министер за одбрана, Израел Кац, денеска изјави дека војната „ќе продолжи без...

Војната со Иран мора да се запре пред целиот регион да се „запали“, вели Ердоган

Турскиот претседател Таип Ердоган денеска изјави дека војната со Иран мора да се запре пред целиот регион да се „запали“ и додаде дека треба да и се даде шанса пред се на на дипломатијата. Воздушната одбрана на НАТО минатите денови пресретна две ирански ракети над јужна Турција, каде што се наоѓаат воздушните и радарските бази на НАТО и САД, кои...

Полска почна официјална истрага за трговија со луѓе поврзана со досиејата за Епстин

Полска официјално почна истрага за наводна трговија со луѓе по првичната анализа на документите поврзани со покојниот, осудениот сексуален престапник Џефри Епстин. Обвинителството во Варшава денеска соопшти дека документите иницирале основани сомневања дека во Полска биле регрутирани млади жени за сексуална експлоатација. Полска во февруари стана една од првите европски земји што формираше работна група за барање врски со Полска во...

Живко Попов: Неопходни се темелни реформи во науката и високото образование

Развојот на современите општества е тесно поврзан со напредокот на науката, а слабата научноистражувачка активност претставува показател за цивилизациски дефицит, оцени претседателот на Македонска академија на науките и уметностите, академик Живко Попов, во своето експозе на Годишното собрание на Академијата. Според него, науката и иновациите имаат суштинска улога во технолошкиот развој, економската конкурентност и интеграцијата на државата во глобалните научни...

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја...

Цената на нафтата може да достигне 200 долари за барел, предупредува Иран

Иран предупреди дека цената на нафтата може значително да порасне, при што барел би можел да достигне и до 200 долари, во услови на зголемени тензии и воени дејствија во регионот. Оперативната команда на иранската армија Хатам ал-Анбија соопшти дека земјата преминува од политика на „одмазднички удари“ кон стратегија на „континуирани напади“ против своите противници, додавајќи дека САД нема да...