Зошто иранската закана е важна надвор од Блискиот Исток
Актуелниот конфликт со Иран не започна прекуноќ. Тој е резултат на децении во кои иранскиот режим отворено ја искажува својата намера да ја уништи државата Израел, додека постојано ги гради воените капацитети за тоа.
Впрочем, 47 години, од Исламската револуција од 1979 година, иранските лидери постојано повикуваат на елиминација на Израел. Иранските официјални лица изјавија дека ќе го „избришат Израел...
Ја добивме војната со Иран, но мора да ја завршиме работата – истакна Трамп
Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Вашингтон веќе ја добил војната со Иран, но нагласи дека американските сили ќе продолжат со операциите за да „ја завршат работата“, пренесе „Ројтерс“.
Говорејќи на митинг во стилот на изборна кампања во Хеброн, Трамп изјави дека САД постигнале брза воена предност во конфликтот.
- Никогаш не сакате прерано да прогласите победа, но ние победивме....
Во Приштина слета тратата евакуирана група македонски државјани од Блискиот Исток
На Меѓународен аеродром Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници евакуирани од неколку земји на Блискиот Исток.
Како што соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно биле транспортирани со организиран превоз до Ријад, од каде со специјален лет безбедно го напуштиле регионот.
Во авионот имало вкупно 151 патник, од кои 109 биле државјани на Северна...
Нападнати танкери во Персискиот Залив
Неколку товарни бродови во Персискиот Залив беа нападнати во среда, предизвикувајќи нов скок на цените на нафтата и нови прашања за тоа дали танкерите ќе можат да патуваат низ Ормутскиот теснец додека беснее војната на САД и Израел со Иран, пренесе „Дејли њуз“.
Најмалку три брода беа погодени од непознато оружје, се претпоставува ирански дронови, предизвикувајќи пожари и оставајќи најмалку...
Цените на нафтата повторно скокнаа над 100 долари за барел
Цените на нафтата повторно ја надминаа границата од 100 долари за барел, само неколку дена откако достигнаа четиригодишен максимум, под влијание на растечките геополитички тензии на Блискиот Исток, објави „Си-ен-ен“.
Пазарите реагираат на продолжувањето на конфликтот меѓу САД и Израел со Иран, што создава сериозни стравувања за стабилноста на глобалното снабдување со гориво.
Растот на цените доаѓа и покрај одлуката на...
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“: Денеска ќе сведочат пет сведоци
Со сослушување сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата во КПД Идризово продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката Пулс во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, пренесе МИА.
Случајот го води судијката Дијана Груевска-Илиевски и моментално се наоѓа во фаза на доказна постапка. На денешното рочиште, според најавите, треба да...
Николоски од Вашингтон: Поголемо партнерство со Светска банка за инфраструктура и економски развој
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој престојува во посета на САД, на Фејсбук соопшти дека се отвораат можности за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Светска банка со цел поддршка на клучни развојни проекти во земјата.
Како што наведе во објава на социјалните мрежи, на средбите со претставници на Светска банка во Вашингтон се разговарало за инвестиции во...
Лидерите на нациите од групата Г8 ќе останат во близок контакт за да помогнат во решавање на кризата во Заливот, рече Мелони
Лидерите на блокот нации од Групата седум (Г7) се согласија да останат во близок контакт „во наредните недели“ за да помогнат во решавањето на кризата во Заливот, стабилизирање на пазарите и заштита на снабдувањето со енергија, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Мелони рече дека лидерите на Г7 претходно во текот на денот разговарале за економските и енергетските импликации од војната...
Меѓународната агенција за енергија објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) објави ослободување на 400 милиони барели нафта од своите резерви, што е најголемо во историјата на организацијата.
Ова го објави шефот на ИЕА, Фатих Бирол, во изјава емитувана онлајн на веб-страницата на организацијата.
Конфликтот на Блискиот Исток има силно влијание врз глобалните енергетски пазари, а Азија е најтешко погодена, рече Бирол.
Одлуката за ослободување на количини од...
Пезешкијан ги постави условите за завршување на војната
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан вечерва ги постави условите за завршување на војната која почна на 28 февруари со американско-израелските напади врз Иран.
- Единствениот начин да се заврши оваа војна, која ја почнаа ционистичкиот режим и Соединетите Американски Држави, е да се признаат легитимните права на Иран, да се исплатат репарации и да се обезбедат цврсти меѓународни гаранции против каква...







































