Сања Божиновска и Артур Лорковски разговараа за енергетските реформи и интеграцијата со европскиот пазар
Напредокот на земјава во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурноста на снабдувањето, како и интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар беа во фокусот на работната средба во Скопје меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и директорот на Секретаријатот на Енергетска заедница, Артур Лорковски, пренесе МИА.
На состанокот се...
Состојбата во државата е стабилна, Владата внимателно ги следи предизвиците, изјави Мицкоски
Состојбата во државата во моментов е стабилна и нема предизвици што би можеле да го загрозат нормалното функционирање на системот, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека институциите внимателно ја следат ситуацијата и се подготвени навремено да реагираат.
Тој посочи дека актуелните случувања поврзани со кризата во регионот на Заливот се уште се во почетна фаза, но Владата секојдневно ги...
Нов правилник за надоместок за помош и нега од друго лице – поедноставена постапка за граѓаните
Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани донесе нов Правилник за остварување на правото на надоместок за помош и нега од друго лице, со кој се предвидуваат промени насочени кон поедноставување и забрзување на постапките за граѓаните - соопштија од надлежното министерство.
Со новиот правилник подетално се регулираат постапките за поднесување барање, потребната документација, начинот на функционирање на...
Можно решение за проблемот со транспортерите се годишни визи со повеќекратен влез во Шенген, истакна Мицкоски
Проблемот со транспортерите најверојатно ќе се надмине преку издавање годишни визи кои ќе овозможат повеќекратен влез и излез од Шенген зоната - изјави премиерот Христијан Мицкоски.
Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски посочи дека веќе се водат разговори на билатерално ниво со неколку земји од Европската Унија кои се истовремено и дел од шенгенскиот простор, пренесе МИА.
Тој истакна дека институциите активно работат...
Шест пријави за семејно насилство во еден ден – приведени пет лица во повеќе градови
Во текот на изминатото деноноќие биле регистрирани шест одделни случаи на семејно насилство во повеќе градови низ државата, при што полицијата привела пет лица осомничени за физичко и психичко насилство - информираа од Министерство за внатрешни работи, пренесе МИА.
Во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 27-годишниот Ј.З. од селото Долна Бањица, по пријава од неговата...
Савевски може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител, изјави Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата, по анализа на кандидатите и нивните биографии, заклучила оти Ненад Савевски може да биде соодветно решение за нов државен јавен обвинител.
Тој посочи дека при изборот биле разгледани и заклучоците од Советот на јавни обвинители, по што на владина седница била донесена одлука Савевски да биде предложен за функцијата.
– Ги анализиравме сите кандидати, нивните...
Избран изведувач за реконструкција на Универзална сала, се чека одлука по жалбата
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков информира дека е донесена одлука за избор на изведувач за реконструкцијата на Универзалната сала, но постапката сè уште не е завршена бидејќи е поднесена жалба за која треба да се произнесе второстепената комисија.
Како што појасни Љутков, евалуацијата на доставената документација е завршена и одлуката за избор на изведувач била донесена минатиот понеделник....
Одбележани 83 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка
Со пораки дека сеќавањето е морална должност, а борбата против омразата историска одговорност, денеска кај поранешниот тутунски комбинат Монопол во Скопје беа одбележани 83 години од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка.
На настанот беше истакнато дека не смее да се дозволи заборавот да ги проголта македонските Евреи, како и дека постои само една историска вистина...
Сомнежи за нестручно постапување на судии од Апелација Скопје, предмети застарувале поради одложувања
Судскиот совет на 538. седница констатира сериозни сомнежи за нестручно и несовесно постапување на судии од Апелациониот суд Скопје, поради неразумно одолжување на судски постапки што резултирало со апсолутна застареност на предмети.
На седницата беа разгледани и усвоени извештаите на работните групи по извршените увиди во Основниот суд Тетово и во Апелационите судови во Гостивар и Скопје. Притоа, членовите на...
Констатирани неправилности во препишувањето терапија во случајот „Онкологија“, сведочеше вешто лице
На денешното рочиште за случајот „Онкологија“, вештото лице Милан Ристевски сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија во Скопје, посочувајќи дека во дел од контролираните случаи забележал неправилности и недоволна медицинска документација, пренесе МИА.
Ристевски изјави дека кај најголемиот дел од контролираниот препис на терапија таа била во рамки на препораките, но кај одреден број случаи...







































