Зеленски: Само средба со Трамп и Путин може да донесе мировен договор
Украинскиот претседател Володимир Зеленски оцени дека трилатерален состанок со американскиот и рускиот претседател е клучен за постигнување мировен договор со Москва.
Во интервју за Ројтерс, Зеленски посочи дека токму ваква средба може да помогне во решавање на преостанатите прашања околу територијата и безбедносните гаранции за Украина.
Тој предупреди дека Русија смета на намалување на американската поддршка за Киев, особено во случај...
Путин: Последиците од конфликтите на Блискиот Исток може да бидат како ковид-кризата
Рускиот претседател Владимир Путин предупреди дека последиците од конфликтите на Блискиот Исток тешко може да се предвидат, но веќе се прават споредби со глобалната криза предизвикана од пандемијата на ковид-19.
Како што пренесува Ројтерс, Путин во обраќање пред бизнис-лидери во Москва посочил дека конфликтите имаат сериозно влијание врз светската економија.
- Сè уште е тешко точно да се предвидат последиците од...
Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, рече Мицкоски
Во април платите на здравствените работници ќе се зголемат меѓу 5 и 7 проценти, а Владата веќе ја зголеми капитацијата за матичните лекари, гинеколозите и стоматолозите - истакна премиерот Христијан Мицкоски во одговор на пратеничко прашање во Собранието. Тој соопшти и дека по подолг временски период, на позитивната листа се додадени нови лекови, а почнати се и постапки за...
Тошковски: Семејното насилство не смее да се политизира – потребни се системски решенија
За семејното насилство треба да се дискутира, но лошо е што на оваа важна тема ѝ давате политичка димeнзија и што ги посочувате случаите и зборувате за жртвите во изминатата една и пол година - истакна денеска од говорницата на македонското Собрание министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој денеска одговараше на прашање поставено од пратеничката Сања Лукаревска за...
Фото: Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денес поднесе предлог А-интегрирана дозвола до Министерството за животна средина
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ денеска поднесе сопствен предлог за А-интегрирана дозвола до Министерството за животна средина, во контекст на постапката за обновување на дозволата на цементарницата ТИТАН Усје.
Иницијативата реагира дека Министерството не ја објавило навреме поднесената апликација од компанијата, што, како што посочуваат, може да ја продолжи постапката и до 50 дена. Според процедурата, следува јавна расправа во...
И покрај најголемата енергетска криза, состојбата во земјата е стабилна, вели Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Собранието изјави дека енергетската состојба во земјата е стабилна, и покрај, како што рече, најголемата глобална енергетска криза во последните децении.
Во одговор на пратеничко прашање од пратеничката Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ како ја оценува состојбата со енергетиката во земјата, Мицкоски информира дека во моментот има приближно 165.000 тони јаглен, а хидроакумулациите се исполнети со...
Трамп го повика Иран да се вразуми пред да биде предоцна
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го повика Иран да „се вразуми пред да биде предоцна“ објавувајќи го предупредувањето на својата мрежа „Трут соушал“.
„Иранските преговарачи се многу поинакви и чудни“, рече тој нагласувајќи дека во отсуство на договор „нема да има враќање на старото и нема да биде убаво“.
- Тие нè преколнуваат да склучиме договор, што и треба да го...
Мицкоски: Нов Колективен договор – платите во институциите ќе пораснат за 40 проценти за две години
На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски прашан за тоа колку ќе се зголеми платата на просветните работници со исплатата на мартовската плата во април истакна дека и вработените во образованието како и вработените во здравството ќе го добијат покачувањето коешто е дел од колективниот договор.
- Да ќе го добијат зголеменото покачување...
Истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, тие не пријавиле никакви симптоми, велат од АД ЕСМ
Со цел навремено, точно и транспарентно информирање на јавноста, а во врска со здравствените тегоби кај дел од работниците од РЕК Битола, сакаме да истакнеме дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола, велат од...
Привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ рече Јаневска
Привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и од новата академска 2026/2027 година во нив ќе почне сместувањето на студентите.
- Од 1 октомври очекувам студентите да влезат во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна очекувам да почнеме реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија -...




































