Привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ рече Јаневска

Привршува реконструкцијата на студентските домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје и од новата академска 2026/2027 година во нив ќе почне сместувањето на студентите. - Од 1 октомври очекувам студентите да влезат во реконстуираните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“, а до септември најдоцна очекувам да почнеме реконструкција и реновирање на сите други студентски домови во Македонија -...

Мицкоски: Новиот обвинител да ги отвори „фиоките“ и да ги истражи СЈО и случајот Јанева

На денешната седница на Собранието посветена на пратенички прашања, претседателот на Владата Христијан Мицкоски говореше за очекувањата од работата на новиот Јавен обвинител. - Очекувањата од новиот јавен обвинител се големи, во смисла дека имаме чувство, а до некаде и информации, дека голем дел од предметите и претставките кои дел од институциите како резултат на внатрешната ревизија, ги имаат доставено...

Охриѓанец осомничен за три кривични дела поврзани со семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против 45-годишен охриѓанец, бидејќи постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 и Неизвршување на судска одлука од член 377 став 5 од Кривичниот законик. Како...

Законот за високото образование в понеделник повторно ќе биде поставен на електронскиот национален регистар на прописи

Законот за високото образование в понеделник повторно ќе биде поставен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) со сите забелешки што се прифатени за време на јавните дебати или доставени по електронски пат и по неколку дена ќе биде проследен во владина процедура. Предлог-законот за високо образование од крајот на јануари беше еден месец на ЕНЕР, заедно со предлозите за...

Предложен притвор за осомничен за тешка сообраќајна несреќа со смртни последици во Марино

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за  – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. - Осомничениот 21-годишник, вечерта на 24 март во Марино, управувал автомобил „КИА“ без да поседува возачка дозвола и под дејство...

Не зависи само од мене или воопшто од мене дали ќе ме менуваат или не, рече министерката Јаневска

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека за нејзиното место во Владата одлучува премиерот Христијан Мицкоски, а дека таа ресорот го води со секојдневна посветеност и работа. - Она во што сум сигурна е дека секојдневно работам, колку што е можно повеќе, за да придонесам за развој на оваа држава. Многупати сум кажала - мандатарот, односно премиерот во...

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо, рече Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање

Официјален јазик на целата држава е македонскиот и неговото кирилско писмо - изјави премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница одговарајќи на пратеничко прашање од Скендер Реџепи од Европскиот фронт за употребата на јазиците и правичната застапеност. На денешната седница посветена на пратенички прашања Реџепи побара од премиерот да објасни, како што рече, „зошто Владата во време на економска и политичка...

По неколку години потпишан Колективен договор, следува етапно зголемување на платите во земјоделството

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска потпиша Колективен договор со претставници на синдикалните здруженија, со кој се предвидува зголемување на платите и подобрување на работниот статус на вработените во ресорот. Со договорот се става крај на повеќегодишниот период без важечки Колективен договор, што, како што беше посочено, создавал неизвесност и ограничени можности за унапредување на правата на...

АХВ ја затвори кујната во РЕК Битола, земени мостри и наложена дезинфекција

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), во соработка со здравствените институции, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната која подготвувала храна за РЕК Битола, по добиена дојава за можно труење со храна. Во акцијата, која била координирана со Центарот за јавно здравје Битола, Институтот за јавно здравје – Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, биле земени мостри...

Дурмиши: Засилен инспекциски надзор го контролира растот на цените, нема индиции за енормни поскапувања

Мерките што Владата ги презеде за стабилизирање на цените и заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати, изјави денеска министерот за економија, Бесар Дурмиши, одговарајќи на пратеничкото прашање на Оливер Спасовски за поскапувањата на основните производи, пренесе МИА. Министерот посочи дека глобалните пазарни потреси неминовно влијаат врз домашниот пазар, но државата реагирала навреме со намалување на данокот на додадена вредност...