Јужна Кореја воведува забрана за извоз на нафта за да ги заштити домашните стратешки индустрии
Јужна Кореја започна со спроведување на забрана за извоз на нафта од полноќ на 26 март, како дел од напорите за зајакнување на домашните залихи поради нарушувањата предизвикани од конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Министерството за индустрија.
Овој потег бара од рафинериите да ги пренасочат извозните количини на локалниот пазар и ѝ дава овластувања на владата да нареди производство и...
Научно-стручна конференција за психофизичката подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија
Факултетот за безбедност во Скопје на 27 март годинава, во Клубот на пратеници во Скопје, организира научно-стручната конференција на тема психофизичка подготвеност на припадниците на безбедносните институции во Македонија.
Конференцијата ќе отвори значајни прашања поврзани со психофизичката подготвеност, професионалната издржливост, менталното здравје, физичката кондиција и интеринституционалната соработка во рамки на безбедносниот сектор, со акцент на потребата од современ и сеопфатен...
Министрите на Г7 сакаат „траен мир и стабилност“ на Блискиот Исток
Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро изјави дека групата нации Г7 сака да „создаде услови за траен мир и стабилност“ на Блискиот Исток, на конференцијата во четврток, пренесе „Франс 24“.
Министрите за надворешни работи од Г7 се состанаа надвор од Париз со европските земји и сојузници кои се обидуваат да ги намалат разликите со САД во врска со војната...
Денеска дожд, на планините снег, пад на температурите за време на викендот
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, кои на одделни места ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на метар квадратен. Можно е и појава на ретки грмежи.
На повисоките места дождот повремено ќе преминува во снег, додека на планините ќе врне снег и ќе се формира нова снежна...
МОН ја усвои Стратегијата за реформи во образованието
Министерство за образование и наука (МОН) соопшти дека е усвоена новата Стратегија за образование 2026–2032, заедно со Акциски план за нејзина имплементација.
Стратегијата е изработена во изминатите месеци преку широка консултативна постапка, во која учествувале бројни домашни и меѓународни партнери, меѓу кои УНИЦЕФ, Светска банка, УНДП и Стопанска комора на Македонија.
Работната група броела над 100 членови, а во процесот биле...
Пожар кај Солун го затвори автопатот кон Атина во двата правци
Од безбедносни причини, поради густиот чад од пожарот што избувна кај солунското предградие Халастра, во западниот дел на градот, во близина на патарините Малгара, автопатот Солун – Атина вечерва е затворен за сообраќај во двата правци, јави дописничката на МИА од Атина.
Од грчката противпожарна служба информираат дека гори сува трева, а на терен интервенираат околу 30 пожарникари, две пешадиски...
МОК забрани трансродови жени да се натпреваруваат во женска категорија на Олимписките игри 2028
Меѓународниот олимписки комитет (МОК) донесе одлука со која им забранува на трансродовите жени и спортистите со разлики во развојот на полот (DSD) да се натпреваруваат во женската категорија на Олимписките игри, почнувајќи од Летни олимписки игри 2028 во Лос Анџелес и на сите идни изданија.
Претседателката на МОК, Кирсти Ковентри, изјави дека одлуката е донесена со цел да се заштити...
Секој функционер вмешан во криминал ќе одговара, истакна Мицкоски
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, изјави дека секој функционер кој ќе биде поврзан со криминал ќе сноси одговорност, доколку информациите за такво однесување стигнат до него.
Одговарајќи на пратеничко прашање од Халил Снопче во врска со случајот со директорот на Инспекторатот за земјоделство, осомничен за поткуп, Мицкоски посочи дека одговорноста за неговата работа ја бара од граѓаните на избори.
- Поддршката...
Украинските напади врз инфраструктурата ја парализираат руската нафтена трговија
Најмалку 40% од рускиот извозен капацитет за нафта е привремено запрен по серија напади со украински беспилотни летала, оштетувања на клучен нафтовод и запленување танкери, покажуваат пресметките на „Ројтерс“ базирани на пазарни податоци.
Ова претставува најголемо нарушување на руското снабдување со нафта во модерната историја. Русија, која е втор најголем извозник на нафта во светот, се соочува со сериозен удар...
Планот на САД за прекин на војната е „едностран и неправеден“, но дипломатијата продолжува
Предлогот на САД за прекин на речиси четиринеделните борби е „едностран и неправеден“, изјави за „Ројтерс“ висок ирански функционер, истовремено нагласувајќи дека дипломатијата не е завршена и покрај недостатокот засега на реалистичен план за мировни преговори.
Функционерот рекол дека предлогот, кој му го доставил Пакистан на Техеран, „беше детално разгледан во среда вечерта од високи ирански функционери и претставникот на...





































