Остварлив економскиот раст од 3,2 отсто, смета Владата
Политиката да ги тргне рацете од бизнисот и да остави економските механизми да ги воспостават правилата, да владее правото за секој инвеститор да се чувствува сигурен, а државата да биде стабилна зашто капиталот е плашлив и сака да е заштитен, рече денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев на форумот „Македонската економија меѓу визија и дилема“.
Анѓушев потенцира дека за раст на мала...
Лордан Зафрановиќ гостин во Кинотека
Култниот режисер Лордан ќе биде гостин во Кинотека на Македонија и неколку дена ќе се прикажуваат негови филмови. Зафрановиќ остана трајно запамтен по филмовите „Окупација во 26 слики“, „Падот на Италија“ и добитник е на многу награди. Тој е еден од најзначајните југословенски режисери и заедно со Горан Марковиќ, Горан Паскаљевиќ, Срѓан Карановиќ, Рајко Грлиќ, а подоцна ќе им...
Македонската актерка Адеа Шабани пронајдена мртва
Дваесет и пет годишната македонска актерка Адеа Шабани, која исчезна пред повеќе од еден месец во Калифорнија каде што студираше актерство, е пронајдена мртва.
Според информациите на полицијата, Шабани била пронајдена во свежо ископан гроб, на околу 80 километри од Сакраменто, во Јужна Калифорнија. Телото било пронајдено минатиот четврток, но жртвата е идентификувана вчера.
Шабани последен пат била видена жива на...
Повреден 22-годишен мотоциклист во Скопје
Мотоциклист е повреден вчера кога во него удрило возило на крстосницата од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров.
- Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л .(62) и мотоцикл „Кавасаки" исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т.(22) и двајцата од Скопје, соопшти МВР.
По незгодата со возило на...
Во Србија почна сослушувањето на противниците на имунизација
Во Србија започна сослушувањето на јавните личности против кои беа поднесени кривични пријави од 270 родители заради предизвикување паника со своите објави против вакцинирањето од морбили.
Целата приказна за тоа дека вакцините се штетни на Балканот, според српските медиуми, ја започна доктор Слаѓана Велков која потекнува од Македонија. Преку разни работилници и предавања таа на некој начин успеа да го...
Жените се поиздржливи војници од мажите
Жените војници можат подобро да ги поднесат воените вежби од своите машки колеги, покажува ново истражување на норвешкиот Институт за безбедност ФФИ.
Студијата покажува дека „жените подобро губат маснотии при тренинзите, што може да биде предност во подолгорочни вежби или при операции“. Исто така, се вели и дека жените побрзо закрепнуваат.
Истражувањето опфатило 23 мажи и 12 жени војници од Специјалните...
Асанж и Данкан се скараа на Твитер
Британскиот заменик министер за надворешни работи Алан Данкан го нарече основачот на Викиликс, Џулијан Асанж „кутар мал црв“ и му порача да ја напушти Амбасадата на Еквадор во Лондон.
- Крајно време е тој кутар мал црв да ја напушти амбасадата - напиша Данкан на Твитер.
Асанж одговори дека е подобро да биде црв отколку змија.
- Како политички затвореник, осум години...
ОБСЕ загрижени за безбедноста на новинарите во Косово
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Арлем Дезир и шефот на мисијата на ОБСЕ во Приштина, Јан Брату изразија длабока загриженост за безбедноста на новинарите кои известувале за интервенцијата на полицијата во северниот дел на Косовска Митровица, кога беше уапсен директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ.
За време на полициската операција на 26 март, повредени...
ВМРО-ДПМНЕ: Тортурата и изживувањето на власта врз притворените ги надмина сите граници
Тортурата и изживувањето на Зоран Заев и власта со притворените патриоти ги надмина сите граници. Крајно нечовечки, на голем дел од неосновано притворените за 27-ми април, завчера им беше преиначена мерката од ефективен во куќен притвор, а веќе вчера, партискиот суд и обвинителство на Зоран Заев, одлучија повторно да ги приведуваат пред очите на нивните семејства, се вели во...
Промоција на романот „Граница“ на Луан Старова
Во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ денеска напладне ќе биде промовиран романот „Граница“ од академик Луан Старова.
- „Граница“ е шеснаесетта книга од неговата балканска сага, значајна книжевна творба за балканските граници, за нивната вплетеност во судбината на луѓето и таа, со својата интимна текстура, сведочи за балканскиот трагизам - соопшти Библиотеката во најавата за промоцијата.
Луан Старова (1941) е автор...







































