Марко Ѓуриќ: Србите ќе ја формираат ЗСО во Косово

Марко Ѓуриќ, директорот на српската канцеларија за КиМ денеска изјави дека Србите на Косово нема да отстапат од формирањето на Заедницата на српски општини (ЗСО) и покрај заканите кои ги праќаат одделни министри во Приштина, бидејќи на тоа имаат право. - Србите на Косово нема да отстапат од ЗСО бидејќи тоа е наше право и нешто што е и меѓународно...

Селмани: Да се смени практиката на неказнивост за нападите врз новинари

Да се смени долгогодишната практика на неказнување за нападите врз новинари. Институциите долги години ја толерираа оваа практика, а во некои случаи дури и ги поттикнуваа актите на насилство врз новинари. Ова денеска го изјави претседателот на Здружението на новинари на Македонија Насер Селмани, на потпишувањето на договорот за соработка со амбасадорката на ОБСЕ во земјава Нина Суомалаинен, „Поддршка за...

Четворица приведени по физички напад врз полициски службеник пред МНР

Четири лица биле приведени час и половина по полноќ откако од страна на непознато лице пред Министерството за надворешни работи физички бил нападнат полициски службеник. МВР информира дека полицискиот службеник кој вршел внатрешно обезбедување на Министерство за надворешни работи слушнал тропање пред објектот и кога излегол надвор забележал неколку непознати лица од кои едниот физички го нападнал. Во врска со...

Нов еколошки автобус ќе се тестира во јавниот превоз

Нов еколошки автобус марка „Мерцедес“ ќе биде пробно вклучен во сообраќај во градскиот превоз во Скопје. За таа цел, градоначалникот Петре Шилегов и Михаило Зографски, директор за продажба на комерцијални возила на Мак Аутостар, денеска потпишаа договор за пробно користење на автобусот. - Скопје заслужува автобуски превоз кој нема да загадува, ќе биде енергетски ефикасен и кој во целост ќе...

Папата Франциско: Мафијашите не можат да се нарекуваат христијани

Папата Франциско денеска изјави дека членовите на мафијата во Италија во ниту еден случај не можат да се нарекуваат христијани. - Не треба да одиме далеку, да помислиме што се случува дома (во Италија) - изјави папата Франциско зборувајќи генерално за „лажните христијани“ кои се корумпирани, а се прикажуваат како правдољубиви. Поглаварот на Католичката црква во обраќањето до верниците на Плоштадот...

Јовески: Постојат основи за нови притвори

Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески смета дека по вчера поднесениот обвинителен акт, има основи за нови мерки притвор за дел од обвинетите за настаните во Собранието на 27 април минатата година. Јовески во изјава за Дојче веле, наведува дека одлуката на Врховниот суд пред два дена за притворите, се однесува за жалбите доставени во делот на истрагата, а...

Пратениците Муковски и Василевски остануваат во домашен притвор

По определениот 30-дневен притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и на уште четири лица обвинети за настаните во Собранието на 27 април минатата година, Кривичниот суд го одби барањето на Обвинителството иста мерка да им се изрече и на пратениците Крсто Муковски и Сашо Василевски. Судот им ја продолжи мерката куќен притвор. На пратениците Љупчо Димовски,...

Коѕијас: Грција не треба да се плаши од компромис со една мала држава

Името не треба да има иредентистички елементи, треба да биде сложено со географска одредница, со придавка и да разграничува дека не станува збор за грчката Македонија, вели шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас во обраќањето на промоцијата на книгата „Македонското прашање“ на Никос Мерѕос. - Треба да најдеме сложено име што ќе ја изразува посебноста и географската позиција на...

Нови тензии на Косово: Ако се формира ЗСО ќе има апсења

По одлуката на Српска листа да излезе од Владата и да формираат Заедница на српски општини (ЗСО) од Приштина пристигна предупредување за апсење. Косовскиот министер за инфраструктура Пал Лекај се закани дека ќе бидат уапсени членовите на Српска листа доколку формираат ЗСО. - Можат да бидат приведени во моментот кога ќе бидат против законите и Уставот на Косово - изјави Лекај. Претседателот...

Трибјут-концерт во чест на Арета Френклин

Американска вокалистка Камил Слеџ вечерва ќе настапи во ноќниот клуб „Станица 26“, со почеток во 21 часот, во организација на „3Гонга“. Настанот е всушност трибјут-концерт во чест на кралицата на соул музиката Арета Френклин. Камил Слеџ е ќерка на Деби Слеџ, една од четирите сестри, музички икони на култната група од 1970-те години „Систер Слеџ“. Камил го наследи талентот на својата мајка...