Изложба за фреските од црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново
Во Музеј на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Обновување на сликарството на црквата ’Св. Ѓорѓи’ во Курбиново – ремек-дело на византиската уметност во Македонија“, на која ќе бидат претставени резултатите од проектот „Македонски фрески – Маско 360“.
Проектот е реализиран од Здружението „Македонида“ од Скопје под раководство на д-р Панче Велков, во соработка со проф....
Повторно приведени дел од обвинетите за настаните од 27 април
Пет лица обвинети за насилствата во Собранието на Македонија на 27 април минатата година, ноќеска повторно се приведени и пренесени во Истражниот затвор Скопје, по налог на Кривичниот суд.
Нивното приведување следува откако вчера државниот јавен обвинител Љубомир Јовески соопшти дека до Кривичниот суд е поднесен обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година....
Продолжува испрашувањето на сведоци за „Триста“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Триста“ на СЈО во кој е обвинет Ѓоко Поповски поранешен помошник-министер во МВР за набавка на 300 возила за потребите на Министерството за внатрешни работи, на кое треба да сведочат уште неколкумина сведоци.
На претходното рочиште двајца сведоци, кои биле вработени во МВР и биле дел од Комисијата...
ЈОРМ: Настаните на 27 април договорени и координирани
Основното јавно обвнителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 поднесе обвинителен акт против 30 лица во врска со настаните од 27 април 2017 година. Дваесет и осум лица се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, а две за помагање при вршење на истото кривично дело.
Обвинетите, според јавниот обвинител...
Сончево време со температура до 17 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, а максималната од 10 до 17 степени Целзиусови.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде во интеревалот од два до 14 степени Целзиусови.
Утре...
Тринаесетгодишно девојче трета жртва од морбили во Албанија
Тринаесетгодишно девојче од планинско село кај Фуш Арез вчера почина од морбили.
Во тешка здравствена состојба, со хеликоптер на понатамошно лекување во Тирана се префрлени и нејзините брат и сестра, кои, исто така, биле заразени од морбили.
Селото Берише, од каде се децата, од петокот се уште е завеано во снег.
Ова е трет смртен случај во Албанија од морбили. Претходно починаа...
Роналдињо откри зошто ја избрал Барселона пред Манчестер Јунајтед
Бразилскиот фудбалер Роналдињо откри интересни детали од времето кога го носеше дресот на Пари Сен Жермен.
Во 2003 година, тој бил многу близу до трансфер во Манчестер Јунајтед, но на крајот ја избрал Барселона.
Во исто време една од ѕвездите на „црвените ѓаволи“ - Дејвид Бекам, потпишува со Реал Мадрид и менаџерот на Манчестер Јунајтед во тоа време, Сер Алекс Фергусон...
Отворен Културен центар во Автокоманда
Општина Гази Баба доби Културен центар, во кој ќе бидат сместени културен дом, библиотека и најсовремено музичко студио за снимање филмска музика на компанијата Феимс од Франција.
Од општината Гази баба информираат дека Културниот центар е направен по пат на Јавно приватно партнерство, помеѓу општина Гази Баба и француската компанија Феимс, а беше отворен свечено синоќа во присуство на амбасадорот...
Могерини: Тоа што се случи на Косово не смее да се повтори
Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, за време на состанокот со српскиот претседател Александар Вучиќ, рече дека вчерашните настани во Косово не смеат да се повторат и дека ЕУ очекува да се сочува мирот со мудар и воздржан пристап.
Вучиќ и Могерини се состанаа вечерва во Белград, на разговори околу отворените прашања за иднината на...
Димитров: Слеано име не е достоинствено решение за името
Достоинствено решение за проблемот околу името е она од кое нема да се срамиме. Слеано име не е тоа. Уверен сум дека Грција има многу сериозен долгорочен стратешки интерес Република Македонија да биде близок сојузник, да биде дел од ЕУ, НАТО. Соседи сме и секогаш ќе бидеме. Ако најдеме достоинствен начин да го надминеме овој проблем, тоа ќе биде...








































