Недев со пет од пет изби на врвот на „Кaрпош опен 2018“
Македонскиот велемајстор Трајко Недев (2.485 рејтинг-поени, рангиран 11-ти), изби сам на врвот по 5. коло на осмиот меѓународен шаховски турнир „Карпош опен 2018“, откако вечерва како „бел“ го победи во 65. потег истакнатиот бугарски ВМ и трикратен победник на овој турнир (2012, 2014, 2016), Кирил Георгиев (2.596, рангиран трет).
Веднаш зад него со половина поен помалку се ИМ од...
Закерберг ќе се појави пред Конгресот на САД
Извршниот директор и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, ќе се појави пред Конгресот на САД да одговори на прашања во врска со приватноста и злоупотребата на податоци, но засега не е јасно пред кои комитети ќе сведочи, соопшти доброупатен извор за американски медиуми.
Комитетот за правосудство при Сенатот го покани Закерберг да сведочи на 10 април, заедно со директорите на...
Матис: Руската влада го изведе „обидот за убиство“ на Скрипал
Министерот за одбрана на САД, Џејмс Матис, изјави дека труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија се „обид за убиство", што го извршила руската влада.
Матис рече дека нападот, кој покрена бран на протерувања на руски дипломати од западните држави, бил „сосема очигледно" изведен со хемиски агенс и додаде дека ова е прв...
Меј: Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме
Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека досега 25 држави донеле одлука за протерување на руски дипломати поради случајот Скрипал.
Таа, исто така, ја истакна одлуката на НАТО да протера седум дипломати од руската мисија во Алијансата.
- Ја поздравувам меѓународната поддршка што ја добиваме - изјави Меј во британскиот Парламент.
- Тоа не е едноставно прашање, поврзано со...
Илјада административци од Секретаријат за Рамковниот договор ќе се прераспределат
Вкупно 958 административни службеници вработени во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор ќе бидат прераспределени во институциите на јавниот сектор.
Оваа информација ја разгледала Владата на денешната седница и воедно ги задолжила органите на државната управа и претпријатијата во државна сопственост, во најкраток можен рок да започнат постапки за преземање на вработените од овој Секретаријат, информира владината прес-служба.
Гумените играчки за капење полни со бактерии
Швајцарски и американски научници утврдија дека гумените играчки со кои се бањаат децата се полни со различни бактерии. Научниците биле изненадени дека во такви играчки пронашле и до 75 милиони бактерии во квадратен сантиметар.
Истражувачите пребројувале микроби кои пливаат во внатрешноста на жолти патки и утврдиле дека течноста што се празни, кога ќе се истиснат, содржи „потенцијално патогени бактерии“,...
Можна е иницијатива пред Уставен за непочитување на Уставот од страна на Иванов
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека е можно покренување иницијатива пред Уставниот суд за непочитување на Уставот од страна на претседателот на државата Ѓорге Иванов поради непотпишување на Законот за јазиците.
- Се разгледуваат повеќе опции. Една од опциите која што ја разгледуваме е токму таа заради тоа што потенцијално може претседателот кога сака да ја урниса...
Ајварот хит на „Деновите на македонската зимница“ во Москва
Лутеница, пинџур, пиперки со урда, гамби, печени пиперки во тегла, корнишони, слатка, мармалади од смокви и лубеница, македонско гравче во тегла, ѓувеч, се производите изложени на „Денови на македонската зимница“ во Москва.
Иако интересот за нив е голем, хит за руските трговци и дистрибутери е ајварот.
- Промотивниот настап на македонските преработувачи на зеленчук и овошје само потврди дека руските и...
НАТО протерува седум руски дипломати
НАТО одлучи денеска да протера седум руски дипломати од мисијата на Русија во Алијансата, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
На тројца руски дипломати кои чекале одобрение, акредитации нема да им бидат издадени.
Бројноста на мисијата на Русија во НАТО се намалува за 10 луѓе, од 30 на 20.
– Русија го потцени единството на сојузниците, Москва не веруваше во решителноста...
Џонсон: Англија нема да го бојкотира СП во фудбал во Русија
Британскиот министер за надворешни работи, Борис Џонсон изјави дека Англија се откажала од идејата да го бојкотира претстојното Светско првенство во Русија.
Според него, од Фудбалската Асоцијација на државата одлучиле да не го мешаат спортот и политиката.
- Немаме планови за бојкот. Фудбалската асоцијација не е Владата- изјави Џонсон.
Во Русија, меѓутоа, нема да одат министри и членови на...








































