Нова колекција за домот на „Искра&Лидија блупринт“
Брендот „Искра&Лидија блупринт“ со својата работа сигурно чекори во создавањето на своето место на сцената на дизајн за дом. Годинава повторно со своето учество на манифестацијата „Фешн илајфстајлекспо“ во МОБ, во соработка со Талија, ја презентира третата колекција, насловена „Зебра“. Дуото Искра Јанковска и Лидија Георгиева овојпат работеше во амбиент инспириран од топлите пејзажи на Африка.
-Сонцето и широките суви...
Поставена првата „Еко зона“ во општина Центар
Општина Центар и колективниот постапувач „Нула отпад“ пред Градскиот трговски центар (ГТЦ) поставија „Еко зона“ која претставува простор за собирање на отпадната електрична и електронска опрема.
На поставувањето на Еко зоната градоначалникот на Центар Саша Богданоивиќ рече дека ова е прва ваква локација на територијата на општина Центар, а директорот на ГТЦ Ѓоко Трајчевски ги повика сите стопанственици и сопственици...
Финансирањето на МРТ и изборот на советите главни забелешки во Законот за АВМУ
Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кои поминаа на владина седница и сега се во собраниска процедура денеска беа разгледани на јавна расправа што ја организираше собраниската Комисија за европски прашања.
Генералната оценка на учесниците е дека предлог-измените се во насока на подобрување и регулирање на медиумската сфера, но забелешките главно се движеа во насока на финансирањето...
Се помирија народите од поранешна Југославија преку збирка раскази
Во Тетово беше промовирана збирка раскази на автори од земјите од поранешна Југославија кои се пријавиле на конкурсот со тема „Помирување“ во организација на Центар за ненасилана акција од Сараево. Во збирката раскази насловена „Бибер 2“ се објавени 25 раскази, а меѓу тројцата наградени има и авторка од Македонија.
Првата награда е на расказот „Јадат луѓе и без нозе“ на...
Полицијата во регионот води битка со 20 црногорски кланови
Нарко бизнис, убиства, застрашување, претепување, лихварство, перење пари и шверц на автомобили се најчестите „бизниси“ со кои се занимаваат црногорските криминални кланови, пренесуваат српските медиуми. Според неофицијалните информации, околу 20 криминални организациии делуваат во Црна Гора. Ваквиот податок се совпаѓа и со документот на Европол за 2013 година.
„Центар“ на моќта на ваквите групи главно се ликови кои имаат поддршка...
Лавров: Западните земји протеруваат руски дипломати под уцена на САД
Одлуките на некои западни земји да протераат руски дипломати се донесени под притисок и уцени на САД, изјави денеска министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.
- Кога ќе протераат еден или двајца дипломати, а ни дошепнуваат извинување поради тоа, занеме дека протерувањето е резултат на колосален притисок и колосална уцена, што е главен инструмет на меѓународната сцена...
„Вип“ со екстра 100 гигабајти мобилен интернет за корисниците
„Вип“ ја објави најновата, атрактивна промоција во мобилната пост пејд телефонија со која корисниците покрај можноста за неограничена комуникација добиваат и промотивен пакет од дополнителни 100 ГБ, интернет кој го активираат еднаш, а може да го користат до крајот на годината, a со тоа добиваат и можност за непречено сурфање и по искористувањето на месечниот интернет сообраќај вклучен во...
Царовска: Минималната плата ги даде очекуваните резултати
Минималната плата ги даде очекуваните резултати. Таа освен што ги изедначи вработените во текстилната, кожарската и чевларската индустрија со останатите гранки, придонесе за зголемување на просечната плата во овие сектори, но и на просечната плата во Македонија во висина од 5,6 проценти, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.
Со тоа, рече, постигнато е зголемување на просечната...
Иванов: Избрзана одлуката за протерување на рускиот дипломат
Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската унија, ја следи политиката на ЕУ и нивните одлуки донесени по пат на консензус и на ниво на ЕУ. Со оглед на тоа дека одлуките за протерување на руски дипломати не претставуваат израз на усогласени ставови на сите земји-членки на ЕУ, туку се работи за индивидуални одлуки на поедини земји-членки,...
Турски инвеститори ќе инвестираат во Новаци
Турски инвеститори кои се заинтересирани за вложување во општина Новаци денеска остварија средба со градоначалникот Љубе Кузманоски на која се информираа за условите и начините на кои можат да ја реализираат својата бизнис идеја.
- Денеска остварив средба со турска делегација од општина Сакарија која се наоѓа на 100-тина километри од Истанбул. Станува збор за инвеститори кои членуваат во здружение...








































