ЕУ ќе проверува дали Косово ги исполнува условите за визна либерализација
Тим од Европската унија денеска пристигна во тридневна посета на Косово, за да утврди дали земјата ги исполнува критериумите за визна либерализација за косовските граѓани при патување во ЕУ, јави косовската телевизија РТК.
Косовската министерка за европски интеграции Дурата Хоџа изјави дека Косово направило се што е потребно и изрази уверување дека нејзината земја ќе добие позитивна оценка на крајот...
Лампард подготвен да стане тренер
Поранешниот репрезентативец на Англија, Френк Лампард е подготвен да ја преземе улогата на тренер, но ја чека вистинската можност.
Триесет и деветгодишниот поранешен играч од средниот ред на Челси веќе го завршил своето тренерско образование и го полагал практичниот испит на „Стемфорд Бриџ“. Медиумите на островот го поврзуваат со слободниот пост во Ипсвич Таун, кој настапува во Чемпионшип дивизијата.
- Поминав...
Ерменија очекува да добие нов премиер во вторник
Лидерот на ерменската владејачка Републиканска партија, Вахрам Багдасарјан изјави денеска дека земјата ќе добие нов премиер на 8 мај и неговата партија ќе го поддржи било кој кандидат, вклучувајќи го и опозицискиот лидер Никола Пашињан, доколку тој кандидат ја има поддршката на една третина од пратениците.
Багдасарјан ја даде својата изјава по средбата со опозицискиот пратеник Пашињан, кој ги предводеше...
Даниелсон: 2025 не е датум врежан во камен за проширувањето на ЕУ
Генералниот директор на Европската Комисија задолжен за проширувањето, Кристијан Даниелсон, коментарајќи го предлогот на идниот европски буџет во кој не се предвидени средства за нови земји членки на ЕУ, изјави дека Унијата „веќе многу инвестира“ средства на европските даночни обврзници во државите од Западен Балкан за справување со прашања важни за блокот како што се поврзувањето или владеењето на...
Мареј го најави враќањето на тенискиот терен
Поранешниот најдобар тенисер на светот, Енди Мари, потврди дека по речиси едногодишна пауза ќе се врати на терен во почетокот на јуни со турнирот во Росмален, Холандија.
Британскиот тенисер, кој сега се наоѓа на 39-то место на АТП листата, нема одиграно ниту еден натпревар од минатата сезона во Вимблдон, а во јануари го оперираше колкот.
По хируршката интервенција беше најавено дека...
Аској: Потребни се алтернативни решенија за Кипар
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи Хамки Аској денеска изјави оти обединувањето на Кипар како федерација најверојатно нема да биде можно, навестувајќи дека треба да се побараат алтернативни решенија за повеќе децениската етничка поделба на Кипар.
- Турција верува дека е време да се изнајде нов начин за мировниот договор, посочи Аској, но не наведе повеќе детали за тоа.
Тој...
Матарела ги повика италијанските партии на консултации
Претседателот на Италија, Серџо Матарела денеска ги повика политичките партии на нова рунда консултации за формирање на нова влада.
Матарела наведе дека на 7 мај партиите треба да разговараат за формирање на нова влада со цел да заврши деветнеделниот „политички застој“ по изборите одржани во март.
Италијанскиот претседател вчера ја исклучи можноста од организирање на предвремени избори во јуни, истакнувајќи дека...
Средба Заев-Светска банка: Економијата во Македонија закрепнува
Премиерот Зоран Заев денеска на средба со делегација на Светска банка беше информиран за позитивните прогнози за економски раст во Македонија кои неодамна беа презентирани во Редовниот економски извештај на Свестка банка за Западен Балкан.
На средбата, како што соопшти владината прес-служба, регионалната директорка на Светската банка за Западен Балкан, Линда Ван Гелдер и за изготвената Систематска дијагностика за Македонија,...
Ливерпул му донесе милиони на Леброн Џејмс
Пласманот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, откако ја совлада Рома со вкупен резултат од 7-6 во два натпревара, е причина за среќата не само за навивачите на клубот, туку и за ѕвездата на НБА - Леброн Џејмс.
Во 2011 година, Џејмс инвестираше 6,5 милиони долари во акции на тимот од „Енфилд“, односно тој купил два процента од...
Гутереш загрижен поради влошувањето на односите меѓу Белград и Приштина
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во тримесечниот извештај за Косово наведува дека е „загрижен“ поради знаците на влошување на односите меѓу Белград и Приштина, особено по апсењето на директорот на српската владина Канцеларија за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ.
Во извештајот, кој амбасадорите на земјите членки на Советот за безбедност на ОН ќе го разгледуваат во текот на овој...








































